Симптомите на бременост кај мажите се вистински – и тие имаат име

Кувадовиот синдром се јавува кога инаку здрави мажи, чија партнерка наскоро очекува новороденче, имаат симптоми поврзани со бременоста. Неговите физички манифестации може да вклучуваат гадење, киселини, болки во стомакот или надуеност, проблеми со дишењето, грчеви во нозете, болки во грбот, иритација на урината или гениталиите и невообичаено, забоболка…

572

Кувадовиот синдром, кој кај мажите во текот на бременоста се смета за „болка од сочувство“, има широк спектар на можни симптоми, од кои некои можат да бидат сериозни. Него го доживеал и Кристофер Дејл, кој го опишал своето искуство за порталот Parents. Неговото писмо го пренесуваме во целост.

Како горд, но неподготвен иден татко, во март 2016 година, присуствував на преднатален курс. Некаде помеѓу лекциите за превивање и подждригнување, одеднаш мојот вид ми се изобличи и не можев да го видам инструкторот. Тој и мојот вид исчезнаа. Десет дена подоцна се роди Никола.

Одеднаш имав две нови, итни работни места: чување на син ми и истражување на причината зошто бев делумно ослепен, макар на неколку минути. Со оглед на главоболката која исто така беше присутна, заклучив дека станува збор за очна мигрена, чии симптоми може да вклучуваат привремено слепило. Но, бев непријатно изненаден кога, после дополнителниот КТ преглед, мојот офталмолог ми даде извештај насловен Lacunar Infarct. Што е тоа, ве молам?

„Имавте мал мозочен удар“, рече тој. Благ мозочен удар може да биде, како што рече мојот невролог, „предупредувачки удар“. За среќа, оттогаш поминаа четири години, поминав низ разни медицински тимови од неврологија, офталмологија, кардиологија и хематологија, но тој не се врати, а сите наоди беа во ред. Единственото прашање што останува е: Зошто тогаш еден здрав 37-годишник имал мозочен удар? И она на што постојано се враќаше мојот лекар: „Дали се случило нешто стресно во тој период од мојот живот?“

Очигледно, сопруга во бременост од осум и пол месеци со претходен абортус може да се смета за настан, односно ситуација што предизвикува зголемен стрес кај некого. Кога му кажав на лекарот, тој веднаш ми кажа за Кувадовиот синдром или психолошката бременост кај мажите.

Од сочувство до емпатија

Според клиниката Мајо, Кувадовиот синдром се јавува кога инаку здрави мажи, чија партнерка наскоро очекува новороденче, имаат симптоми поврзани со бременоста. Неговите физички манифестации може да вклучуваат гадење, киселини, болки во стомакот или надуеност, проблеми со дишењето, грчеви во нозете, болки во грбот, иритација на урината или гениталиите и невообичаено, забоболка, додека психолошките симптоми се движат од намалено либидо и немир до вознемиреност и депресија. Понатаму, мислењата драматично се разликуваат околу тоа колку мажи се погодени од симптомите поврзани со Кувадовиот синдром. Експертите за ментално здравје разгледаа голем број хипотези, од машка љубомора заради неможноста да се роди дете до можната вина затоа што ние сме „причина“ за трансформацијата на нашата партнерка која физички ја носи целата тежина на детето и породувањето на себе.

Понатаму, една психосоцијална теорија укажува на маргинализација на мажите за време на бременоста на жената, социјална поделба на половите во кои „жените имаат породилна кариера“, додека татковците се „ослободени“ од неа.

Теоријата на приврзаност сугерира дека колку повеќе мажот се подготвува за татковство – вклучително и учество во пренатална настава – толку е поголема веројатноста да ги доживее симптомите на синдромот. И покрај недостатокот на истражување посветено на оваа тема, овој синдром, исто така, се чини дека има некаква поврзаност со флуктуација на одредени хормони, вклучувајќи го и нивото на тестостерон, за време на бременоста на партнерката. Постојат многу други теории, без јасен медицински консензус. Но, зошто некои мажи имаат симптоми на Кувада, додека други немаат, не е лесно да се утврди, или околностите се премногу различни за единствена дијагноза што ќе им одговара на сите.

„Кувадовиот синдром е дефинитивно повеќефакторски“, вели Џојс Е.Готесфелд, гинеколог од Денвер. „Луѓето имаат различен живот и различни стресови, а некои мажи можат да бидат почувствителни на хормоналните промени што можат да бидат предизвикани од бременоста на партнерката. Без оглед на потеклото на овие стресори, моето искуство сугерира дека периодот пред татковството може да биде исклучително стресен.

И додека мојот мал мозочен удар е навистина невообичаен, сигурно постојат и други случаи на застрашувачки жестоки симптоми на Кувадовиот синдром.

Доктор Готесфелд понатаму верува дека Кувадовиот синдром не мора да престане по породувањето на партнерката.

„Што се однесува до симптомите поврзани со Кувадовиот синдром, она што најмногу го забележав е всушност постпородилна депресија, бидејќи и бремената жена и нејзиниот партнер имаат слични стресови, особено лишување од сон и големо чувство на одговорност“, вели таа.

И покрај недостатокот на консензус за потеклото и преваленцата на Кувадовиот синдром, медицинската заедница се согласува за еден поим: кога станува збор за нешто толку слабо дефинирано и комплицирано – комуникацијата е клучна.

„Важно е да ја известите вашата партнерка како се чувствувате, исто како што е важно за неа да каже што мисли и чувствува. Комуникацијата помага во ублажување на загриженоста и отворање на решенија, а исто така е можност да го насочите вашиот партнер да побара медицинска помош ако симптомите се особено загрижувачки“, заклучила Готесфелд.

Повеќе