Ако вашето девојче често губи работи, можеби не станува збор само за детска немарност

Лицата со АДХД покажуваат три главни групи на симптоми: хиперактивност, импулсивност и нарушено внимание. Иако се дијагностицираат три пати повеќе момчиња со АДХД отколку девојчиња, дијагностичките стапки кај возрасните се подеднакво распространети помеѓу мажите и жените. Ова значи дека најчесто симптомите кај девојчињата остануваат незабележани.

0
408

Кога некој би побарал од вас да опишете дете со хиперактивно нарушување на вниманието (АДХД), првата асоцијација би била нетрпеливо момче кое се качува насекаде и не го прави она што му се кажува.

На малкумина би им паднало на памет девојче кое има има многу пријатели и напорно работи за да добие добри оценки на училиште. Возрасните честопати ги превидуваат симптомите на АДХД кај девојчињата.

Лицата со АДХД покажуваат три главни групи на симптоми: хиперактивност, импулсивност и нарушено внимание. Иако се дијагностицираат три пати повеќе момчиња со АДХД отколку девојчиња, дијагностичките стапки кај возрасните се подеднакво распространети помеѓу мажите и жените. Ова значи дека најчесто симптомите кај девојчињата остануваат незабележани.

Недијагностицираната АДХД има долгорочни последици, вклучувајќи ја и зголемената веројатност за впуштање во ризични однесувања како што е незаштитен секс и злоупотреба на супстанции, како и проблеми со академското образование и ниска самодоверба. Она што е најзагрижувачко е што на многу девојки во подоцнежниот период често им се даваат лекови против анксиозност и депресија, честопати заборавајќи дека всушност станува збор за нелекуван АДХД.

Критериумите за дијагностицирање се засноваат на податоците кои се прибирани за момчиња и возрасни мажи. Поточно, сѐ уште се смета дека ова нарушување најмногу го погодува машкиот пол.

Важно е да се знае дека АДХД може да изгледа различно кај девојчињата отколку кај момчињата. За разлика од непослушните момчиња, хиперактивното девојче може да ја преземе улогата на помошник во училницата, одејќи од маса до маса.

Наставникот кој би го оценувал степенот на хиперактивност кај момчињата би дал повисока оценка во однос на девојче затоа што нејзиното убаво однесување кон пријателите не се смета за пореметено.

Не само што АДХД симптомите изгледаат поинаку кај момчињата, туку момчињата имаат тенденција да бидат похиперактивни и поимпулсивни од девојчињата. Бидејќи хиперактивноста и импулсивното однесување се помалку пожелни во училницата, наставниците поверојатно ќе ги забележат момчињата како проблем и им обрнуваат внимание на однесувањето.

Конечно, симптомите на АДХД кај девојчињата често се скриени затоа што тие работат напорно за да ги исполнат очекувањата на возрасните. Возрасните секако имаат различни очекувања од девојчињата отколку од момчињата. Возрасните очекуваат девојките да бидат уредни и организирани, да добијат добри оценки со леснотија. Девојчињата се обидуваат да ги задоволат социјалните норми и не сакаат да прават проблеми. Училиштата треба да сторат повеќе за да се спротивстават на родовите стереотипи. Кога возрасните се сретнуваат со девојчиња на кои им е тешко да ги исполнуваат обврските и очекувањата на нивните родители, често ги карактеризираат како драматични, чудни или безобразни.

Знаци дека вашата ќерка има АДХД

Ги решава домашните задачи подолго од очекуваното или едноставно заборава да ги реши. Концентрацијата ѝ ја попречува честото сурфање на Интернет или разменувањето пораки со пријателите па останува будна доцна во ноќта додека не ги заврши задачите.

Таа е неефикасна студентка. Иако изгледа дека многу и темелно учи, нејзините резултати го покажуваат спротивното.

Слабо го разбира прочитаниот текст. Апсорбира факти од текстот, но не прави логични врски меѓу нив.

Таа има проблеми во социјалните односи затоа што послабо ги чита туѓите емоции и сигналите и отежнато ги следи разговорите. Врсниците ја избегнуваат и ја исмеваат, што ја води кон изолација.

Ги заборава работите што ѝ се потребни. Ова е класичен сигнал, иако пријатните и добро воспитани девојчиња со АДХД честопати имаат пријатели или возрасни околу нив за да им помогнат во вакви ситуации (на пример, им позајмуваат пенкало или им го носат она што им е потребно).

Таа зборува, зборува и само зборува…

Таа не трча и не се качува како момче, но е главен помошник во училницата. Таа е дружељубива и зборлеста дури и за време на часот.

Има одлични идеи и голем ентузијазам на почетокот на работите, но не ги спроведува до крајот.

Хронично доцни и никогаш не е подготвена како што треба.

Нејзината хиперактивност се манифестира со учество во многу воннаставни активности.

Не учи од искуство и последици.

Тоа е со променливо расположение. Еден момент е на врвот на светот, а следниот момент е срушена поради обичен коментар кој го сфаќа како премногу остра критика.

Фото: Pixabey

loading...