Ако ви секне млекото среде ноќ, викнете полиција

Токму ова го направила една мајка од Јута, кога среде ноќ, ненадејно ѝ секнало млекото, а нејзиното бебе на возраст од само шест месеци, без престан плачело. Полицијата ѝ доставила млеко на врата

0
304

Ваков повик итните служби не примиле никогаш дотогаш. Една мајка од Јута, на 28.јануари минатата година во очај го свртила бројот 911, откако наеднаш, без никаква најава, среде ноќ, млекото ѝ секнало, а нејзиното шестмесечно бебе неутешно плачело.

Шенон Брд дома немала вештачка формула бидејќи дотогаш без проблем го доела своето бебе, инаку, петто по ред..

„Им ѕвонев на соседите, но никој не се јавуваше. Никогаш не сум се нашла претходно во ваква ситуација. Моето млеко буквално пресуши. Ова ми е петто дете и тоа никогаш не ми се случило“, изјавила Брд за телевизискиот канал KSL.

Таа им објаснила на службениците дека сопругот ѝ е надвор од градот, а четирите деца спијат. Новороденчето инаку го дои, па сега нема друг избор.

„Бебето плачеше на цел глас, не знаев што друго да направам“, додала таа.

Полицаецот Брет Вагстаф веднаш после повикот се упатил во продавница, купил млеко и ѝ доставил на мајката на врата.

„Ова ќе ви го оставиме веднаш, а набрзо ќе се вратиме со доенечко млеко. Бебето е неодоливо“, ѝ рекол тој на мајката која му ја отворила вратата со бебето во раце.
Како што ветиле, Вагстаф и Конер Габитас набрзо се вратиле, а парите кои мајката им ги нудела како надомест, не сакале да ги примат.
„Ова е истото млеко кое ѝ го дававме на мојата ќерка кога беше бебе, се надевам дека нема да ѝ падне тешко на желудникот“, ѝ објаснил Вагстаф на мајката.
„Не очекував дека ќе го направат ова. Првобитната намера ми беше полицајците да останат во куќата со децата, а јас да се одвозам до продавница“, објаснила мајката
Реакцијата на полицијата ја воодушевила јавноста која веќе со денови ја фали нивната постапка.
Текстот е од ТУКА.
Фото: Pexels
loading...