Ако го носите бебето свртено нанадвор, тоа е сурово и стресно

Стручњаците тврдат дека ако го носите вашето дете свртено нанадвор, тоа е за него стресно и сурово искуство

0
510

Без оглед дали го носите бебето во марама или во кенгур, единственото на што треба да внимавате е положбата на бебето во нив. И додека многу мајки не можат да си го замислат животот без количка, некои не можат без кенгур затоа што е тој исклучително практичен.

Многу често гледаме мајки или татковци како во кенгур го носат своето бебе свртено нанапред, според нив, за да може бебето да разгледува наоколу и да не му е здодевно.

Но, дали знаевте дека на тој начин всушност го загрозувате здравјето на вашето мало бебе. Иако бројни производители нудат таков начин на носење, постојат неколку причини зошто не се советува носење на бебето свртено нанапред.

Ако на овој начин го носите бебето свртено нанапред, му предизвикувате стрес, проблеми со колковите и повреда на р’бетот, предупредуваат стручњаците. „Родителите на тој начин го изложуваат бебето на претерана стимулација и надворешни дразби, а воедно можат да ги повредат своите бебиња“, тврди професорката Кетрин Фоулер.

„Замислете вие да сте така врзани за нечии гради додека сте во автобус, а нозете и рацете ви висат без контрола. Јас би била исплашена, а исто така се чувствуваат и децата“, вели Фоулер.Во текот на носењето на бебето свртено нанапред се случува претерана стимулација, што создава многу стресна ситуација“, додава тој.

„Не ја земаме предвид нивната перспектива, а тоа е прилично сурово кон нив“, додава таа.Во текот на 2008.година Фоулер спровела истражување во кое дошла до заклучок дека таквиот начин на носење на детето може на подоцнежна возраст да доведе до анксиозност.

Но децата кои се во носилката (кенгур) свртени кон родителите имаат двојно повеќе шанси на тој начин да остварат подобра комуникација, да се смеат и да зборуваат со своите родители. И на тој начин им го намалуваат нивото на стрес.

Според институтот Hip Dysplasia, кенгурите свртени нанапред можат да доведат до физички оштетувања вклучувајќи дисплазија на колкот и повреда на р’бетот. Еднакви проблеми со колковите можат да се појават и кај децата кои се во кенгурот свртени кон родителите, доколку нозете слободно им висат, вели педијатарката Ерика Крумбек.

loading...