Ако до петата година детето јаде премногу глутен, има поголем ризик од оваа болест

Резултатите од новата студија објавена во списанието JAMA тврдат дека големиот внес на глутен до петата година на детето може да предизвика интолеранција на глутен, но и целијакија.

0
305

Глутенот често се нарекува лепило, а присутен е дури и во здравите намирници, како житарките, а пченицата, р’жта, јачменот, кус-кусот и гризот се само некои од таквите.

Иако е познато дека постојат луѓе кои имаат интолеранција на глутен, истражувањата на влијанието на преголемите количини глутен во најраната животна возраст досега биле занемарени. Но резултатите од новата студија објавена во списанието JAMA тврдат дека големиот внес на глутен до петата година на детето може да предизвика интолеранција на глутен, но и целијакија.

Како што истакнала авторката на студијата Карин Андрен Аронсон, поголемиот внес на глутен е поврзан со 6,1 отсто поголем ризик за развој на автоимуна болест.

Станува збор за најчеста хронична гастроентеролошка болест, но интересно е што според одделни истражувања само три осто од заболените правилно ја лекува. Згора на тоа, многумина и не знаат дека боледуваат од неа додека не предизвикаат други здравствени проблеми.

Во споменатата студија која траела од 2004. до 2010. година, научниците набљудувале 6605 деца во САД, Финска, германија и Шведска, а дури 1216 деца, речиси 20 отсто, развиле интолеранција на глутен, додека 450 од нив заболеле од целијакија.

Фото: Pixabey

loading...