Алекса, ми треба тато!

Можеби е смешно, ама и тажно. Малечко дете разговара со апликација, поточно, со виртуелната асистентка Алекса и бара да му го донесе татко му

0
203

Една мајка споделила на социјалната мрежа ТикТок видео кое е прегледано повеќе од 4.3 милиони пати.

Мајката објаснила дека ја остава Алекса во собата на својот син за да му пушта приспивни песни додека не заспие, но една ноќ нејзиниот син се разбудил и замолил: „Алекса, ми треба тато!“

Виртуелната асистентка на тоа дговара: Што да додадам?“ Откако детето уште еднаш повторува дека му треба тато,, Алекса одговара: „Го додадов тато на вашата шопинг листа, дали ви треба уште нешто?“

Детето разочарано вели: „Ух, не“

Во позадина се слуша придушеното смеење на родителите. Да, навистина е смешно, ама по малку и тажно, нели?

Фото: Тик Ток/скриншот

 

loading...