Базените со топчиња се толку опасни што можат да предизвикаат и сепса

Топчињата во игротеките веројатно не се мијат со денови, а веројатно и со недели, па се преполни со бактерии кои можат да предизвикаат многу болести, покажува едно ново истражување.

0
787

Имено, истражувачите од универзитетот во Северна Грузија земале примерок од топчињата од различни места и нашле повеќе од 31 вид на бактерии кои можат да бидат причина за многу инфекции, од воспаленија на бешиката до инфекциски ендокардитис.

Откриено е и дека топчињата во игротеките не се мијат со денови, па дури ни со недели, пишува Дејлимеил.

Овие топчиња ги поттикнуваат децата да развиваат моторички и сензорни вештини такашто физиотерапевтите често ги користат како некој вид на терапевтска игра.

Но од 1980-тите топчињата почнаа да се воведуваат во трговските центри и во синџири од типот на МекДоналдс низ кои секојдневно поминуваат голем број на луѓе, па на крајот од денот овие топчиња се навистина валкани.

Тоа секако не е некое големо изненадување. Но иако децата сакаат да си играат со нив, тие се истовремено и голема опасност. Па така, во игротека со многу валкани топчиња истражувачите нашле во просек 170.818 бактерии по топче.

Едно од нив имало 712 000 микроби. Бактериите доспеале од од околината се доведуваат во врска со билките и нечистотијата која доаѓа однадвор. Малите деца се изложени на можна инфекција на очите, на кожата, па дури и на крвта.

Истражувачите рекле дека е потребно да се направат што повеќе истражувања во врска со оваа тема, а можеби ќе биде потребно да се развијат и стандардизирани протоколи за чистење за да му се стави крај на овој проблем.

Фото: Pixabey

loading...