Баскерфест 2018. со многу нови содржини

Најмалите секојдневно ќе можат да се дружат и да се едуцираат во детската едукативна работилница, а ги очекуваат и многу изненадувања. Дел од нив подготви младиот уметник – скулпторот Горазд Христов.

0
90

Од 12-17 јуни на плоштадот „Македонија“ во Скопје, но традиционално и во другите градови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционалниот фестивал на улични изведувачи – Баскерфест.

Фестивалот оваа година ќе понуди многу забава за сите возрасти. Сите посетители, па и случајните минувачи, освен во врвните баскер мајстории на жонглерите, акробатите, циркусите, кловновите, ќе може да уживаат и во многу нови забавни и уметнички содржини.

Најмалите секојдневно ќе можат да се дружат и да се едуцираат во детската едукативна работилница, а ги очекуваат и многу изненадувања. Дел од нив подготви младиот уметник – скулпторот Горазд Христов. Освен бројни интерактивни инсталации кои ќе ги анимираат сите посетители (Тунел на стравот кадешто со воз на шини ќе се минува низ неколку страшни конструкции опремени со соодветно осветлување, реквизити и звучни ефекти, photo booth, кафез со балони, арт маса,…) Христов ќе ја претстави и својата колекција на уникатен, рачно изработен накит со минијатурни скултури од калај и сребро.

За првпат ќе биде организиран и „Аrt’s n Craft’s“ – за луѓето кои имаат креативност и знаат како од обични предмети да креираат уметност. На првото издание на Art’s n Craft’s, задачата на пријавените креативци е на метални буриња за пиво да ја изразат својата визија и да креираат уметност. Настанот ќе има натпреварувачки карактер со награди за најдобрите.

За љубителите на спортот, ќе биде поставен спортски корнер, со игри од натпреварувачки карактер, како и корнер кадешто ќе може да ги научите стрелачките вештини.

Во склоп на Баскерфест, покрај атрактивната баскер програма на улични изведувачи, ќе има и музички стејџови со одлични бендови од сите страни на светот. Oбјавен е и конкурс за млади македонски бендови, диџеи и пејачи кои би сакале да се престават пред поголема публика и да го покажат својот музички талент. Баскерфест 2018 повикува и волонтери од 18-35 години, кои активно би се вклучиле во организацијата на фестивалот, каде што ќе стекнат незаборавно искуство дружејќи се со артисти и перформери од целиот свет.

 

loading...