Бебе во носилка обесено на шанкерска столица, како палто на чивилак

Дали некогаш би го оставиле вашето дете во ваква положба? Ова прашање не би требало да биде воопшто поставено, ама не можеме да ѝ се начудиме на фотографијава

0
1664

На Интернет со денови кружи фотографија што некои ги шокираше, додека други се прашуваат дали е реална. Имено, кога една жена седнала на шанк во кафуле да се напие нешто во друштво на еден маж, носилката за бебето, заедно со бебето внатре, го обесила на шанкерската столица.

„Таа го обеси детето на задниот дел од столот“, е описот на фотографијата.

Не е сосема јасно дали детето е вистинско или пак станува збор за кукла, но однесувањето на жената згрозило многумина.
„Детето може да се лизне и да падне“, „Јас тоа не го правам дури ни со чанта“, „Повеќе го почитувам својот ранец отколку оваа жена детето“, пишуваат некои луѓе, додека има и такви што го обвинуваат човекот.

„Дури и ако тој не е татко на тоа дете, тој е сведок на неприфатливо однесување“.

Фото: Reddit

loading...