Бебе се загушило со зрно грозје пред очите на мајка му и сестра му

Трагичната смрт на седуммесечно момче го зави во црно британскиот град Сток-он-Трент.

0
387

Хенри Езра Филипс бил со својата мајка и сестра кога на 7 јули ставил во устата зрно грозје и се задушил, пренесува Stoke-on-Trent Live reports.

„Неговата мајка јадела грозје, а детето посегнало по него и го ставило зрното во устата. За жал, тоа се задушило. Со доаѓањето на брзата помош тоа беше прогласено за мртво”, рекол службеникот од службата Ентони Курзон.

Поради оваа несреќа, педијатрите уште еднаш ги повикуваат родителите да бидат внимателни. Имено, грозјето е на списокот на намирници што се исклучително опасни за бебињата затоа што можат лесно да ги задушат. Мајката Лаура Лу Чембер поминала низ тој кошмар, кога нејзината четиригодишна ќерка речиси се задушила со бобинката што ѝ се заглавила во грлото и не можела да дојде до воздух.

„Ве молам, ова нека ви биде потсетник да им го пресечете на децата зрното грозје на половина, мојот живот за малку засекогаш ќе се сменеше затоа што не го правев тоа“, рекла таа.

Фото: Pexels

loading...