Бебињата логично можат да размислуваат уште пред да прозборат

Според новото истражување, едногодишните бебиња можеби не можат да зборуваат, но можат логично да размислуваат.

0
109

Легендарниот психолог Жан Пиажет веруваше дека немаме логички разумни способности сѐ до седумгодишна возраст, но научниците покажаа дека не бил во право.

Според новото истражување, едногодишните бебиња можеби не можат да зборуваат, но можат логично да размислуваат. Ова истражување ги покажа најрано познатите основи на нашата способност за размислување.

Легендарниот психолог Жан Пиажет веруваше дека немаме логички разумни способности сѐ до седумгодишна возраст, но научниците ги скенираа очите на 48 бебиња и сфатија дека тие можат да размислуваат преку процес на елиминација. Истражувањето беше објавено во списанието Science.

Типот на предметното размислување, процесот на елиминација, формално се нарекува „дисјугентивен силоглогизам“.

Тоа оди вака: ако само А или Б може да биде вистина, а А е неточно, тогаш Б мора да биде вистина. Значи, ако чашата е или црвена или сина, а не е црвена, тогаш е сина.

Процесот на елиминација не е нужно најлесната форма на размислување, вели Џастин Халберд, психолог и експерт за развој на деца на Универзитетот Џонс Хопкинс, кој не учествуваше во оваа студија, но е еден од најголемите авторитети во оваа област.