Бебињата се чудо!

Дали знаевте дека уште од 6 недели бебињата можат да го препознаат гласот на тато помеѓу гласовите на група мажи?

0
421

Бебињата не само што се чудо сами по себе, туку се и полни со изненадувања.

Во текот на последните десет-петнаесет години, научниците посветуваат се повеќе внимание на развојот на бебињата, а резултатите на долгогодишните истражувања се објавени во бројни прирачници, книги…

Во поново време тука се и видео записите и блоговите посветени на негата и воспитувањето на децата.

Во текот на тие истражувања утврдени се и бројни интересни факти кои откриле дека бебињата имаат некои способности кои делуваат потполно неверојатно. На пример, дали знаевте дека уште од 6 недели бебињата можат да го препознаат гласот на таткото помеѓу гласовите на група мажи?

Бебињата и синдромот на „изневерени очекувања“

Неодамна спроведеното истражување спроведено на Универзитетот во Мисури покажало дека бебињата стари само 10 месеци почнуваат да ги следат мисловните процеси на луѓето околу нив, односно, да ги препознаваат промените во околината.

Бебињата, како и возрасните, покажуваат поголем интерес кога нешто ќе видат за првпат, или кога е нешто необично. Кога бебињата се изненадени од нешто, или кога ќе забележат некоја постапка која отстапува од вообичаената, подолго и со поголемо внимание ќе гледаат што се случува. Во текот на експериментот, глумецот пред 10-месечни бебиња од два понудени предмети постојано го земал истиот, а кога го зел другиот, бебињата зачудено гледале што се случува пет, шест секунди подолго од обично затоа што изборот на глумецот бил неочекуван.

Не израснува баш секое убаво бебе во убава возрасна личност

Обично се подразбира дека убавите бебиња ќе останат згодни и кога ќе пораснат. Но резултатите од истражувањата објавено во списанието „Однесување и развој“, го побиваат ова тврдење.

Во истражувањето учествувале 253 студенти од кои се очекувало да ги рангираат по убавина фотографиите на бебињата и возрасните личности, но не им е кажано кој е кој. Резултатите покажале дека тоа, дали некој бил убаво бебе, не влијае на убавината во возрасниот период.

Бебињата не се себични

Уште од 15 месеци бебињата имаат чувство за правда. Во текот на едно истражување на Универзитетот во Вашингтон на бебињата им е пуштана снимка на двајца луѓе кои делат млеко и кекси.

Ако едната личност добила повеќе, односно, кога кексот и млекото не биле праведно поделени, бебињата со поголемо внимание и многу подолго следеле што се случува, отколку кога секој ќе добиел исто.

Тоа значи дека бебињата очекуваат чесна поделба. Истражувачите утврдиле и дека бебињата кои со особено внимание ја гледале снимката во која кексите не се поделени чесно, се склони кон тоа да ги делат своите играчки со други без проблем.

Бебињата се по малку расисти

Научниците од Универзитетот во Шефилд воочиле дека бебињата стари три месеци покажуваат поголема наклонетост кон лицата од иста раса. Затоа не е никогаш премногу рано да почнете да го учите детето дека се сите луѓе еднакви.

Бебињата чувствуваат ритам, но ја разбираат и музиката

Истражувањето спроведено на универзитетот Бригам, покажало дека бебињата одлично ја разликуваат веселата од тажната музика. Кога ќе им се пушти жива, весела музика, веднаш почнуваат да „играат“, да плескаат со рачињата и да се смеат, но кога ќе им се пушти некоја тажна мелодија, веднаш стануваат сериозни и делуваат отсутно. Сепак, кога повторно ќе им се пушти весела мелодија, им се враќа насмевката на лицето.

Бебињата ги разликуваат „добрите“ и „лошите“ момци

Уште од 6 месеци бебињата имаат развиено чувство за добро и лошо. Во текот на истражувањето спроведено на Јејл, на бебињата им била пуштана снимка во текот на која една кукла требa да се искачи по некое брдо. Прво би ѝ помагала друга кукла, а следниот пат трета кукла би ја туркала и би ѝ го отежнувала качувањето. Снимките им биле пуштани неколку пати, а потоа истражувачите им ги носеле „добрата“ и „лошата“ кукла. Ниту едно бебе не посегнало по „лошата“ кукла, туку сите сакале да си играат со „добрата“.

loading...