Без влакна на… телото?

Компанија која произведува бричеви за жени, тукушто лансирала нова кампања во која главна улога имаат жени со пораснати срамни влакна. Знаеме дека звучи целосно контрапродуктивно една компанија за бричеви да поддржува некористење на бричеви. Но...

0
315

Оваа нова кампања покажува жени со срамни влакна и е многу моќна.

Веднаш штом почнат да ни раснат срамни влакна во пубертетот, ни зборуваат да ги покриеме или да се ослободиме од нив. Од нас се очекува да имаме што помалку влакна или да бидеме колку што е можно помазни.

Тоа е само едно од оние арбитрарни, а ограничувачки правила за начинот на кој жената треба да изгледа и што би требало да прави со своето тело. Научени сме да мислиме дека влакнестото тело е грд, нехигиенски призор, нешто од што треба да се срамиме и да се криеме.

Меѓутоа, како што можете да забележите, мажите не добиваат такви упатства – тие  можат да бидат влакнести колку што сакаат.

Затоа толку од нас се кубат, се бричат или ласерски ги отстрануваат влакната за да имаме мазна бикини линија, особено во летниот период. Секое модно фотографирање кое некогаш сме го виделе вклучува мазни модели без влакна.

Досега.

Били Разорс, компанија која произведува бричеви за жени, тукушто лансирала нова кампања во која главна улога имаат жени со пораснати срамни влакна. Знаеме дека звучи целосно контрапродуктивно една компанија за бричеви да поддржува некористење на бричеви. Но тука сме.

Жените зад компанијата Били Разорс едноставно сакаат жените да го сменат начинот на кој бараме одредени работи од изгледот на жените. Сакаат да го промовираат нашето право да правиме што сакаме со влакната на своето тело, било тоа да вклучува употреба на бричеви или не.

„Каде и да погледнеме, гледаме огласи кои ни зборуваат дека единствен начин да изгледаме добро во костум за капење е да бидеме слаби, во добра форма и без влакна. Во овој филм, сакавме да ги нормализираме влакната на телото и да покажеме дека имаме избор“, изјавила за Refinery29 директорката и фотографка Ешли Армитаж.

За да регрутираат модели за кампањата, Ешли и нејзиниот тим на Инстаграм барале жени кои веќе гордо ги покажувале сопствените влакна на телото. Потрагата ги одвела до Линдзи Зе и Јаминах Мајо. Тие се ѕвезди на краткиот филм под називот „Red, White and You do You.

Видеото е неодамна објавено во знак на прослава на првата годишнина на Проектот Body Hair (Влакна на телото) на компанијата Billie, и се прва компанија која произведува бричеви за жени, а која прикажува вистински, природни влакна на пазувите на моделките. Кампањата имала повеќе од 24 милиони прегледи во 23 земји во светот.

Текстот и фотографиите се од ТУКА.

loading...