Бестрашен двогодишник, посигурен на скејт отколку на своите нозе

Бестрашно момченце на двегодишна возраст, од Сакраменто, Калифорнија, кое неговиот татко кој останал без работа поради пандемијата на Корона, решил да го научи да вози скејт, сега е посигурен на него, отколку на своите нозе

0
127

Броди Александр, бестрашен двегодишник кој го воодушеви Интернет со своите вештини за скејтбординг ја совладал својата вештина за само неколку месеци.

Момчето го искористило времето на изолација за да научи да вози скејт и да прави акробации, а неговиот татко Шејн Дилинџер е одговорен за сè. Имено, Шејн ја загубил работата поради епидемијата на коронавирус и решил да го искористи времето за да го научи својот син да вози скејтборд.

Мајката почнала да го снима своето синче Броди како ужива во новооткриената забава и момчето брзо станало популарно.
Илјадници луѓе го следат на Инстаграм и на ТикТок, а прегледите за неговите видеа се бројат во милиони.

Фото: Инстаграм

loading...