Се отвара мини зоолошка градина во рамки на скопската

По теркот на европските и светските зоолошки градини, и во зоолошката градина во Скопје ќе се отвори Бејби Зоо - мини зоолошка градина кадешто ќе има мали безопасни животни и кадешто децата ќе можат да се запознаат со животните одблизу, да си играат и да се фотографираат со нив.

0
264
По теркот на европските и светските и зоолошката градина во Скопје добива мини зоолошка градина за најмладите.

Станува збор за заградена мини зоолошка градина кадешто ќе има мали безопасни животни и кадешто децата во присуство на вработен во зоолошката ќе можат да се запознаат со животните одблизу, да си играат и да се фотографираат со нив.

„Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

loading...