Библиотека направена во дрво старо 110 години

Дрвото беше гнило, но наместо да го исечат и да го уништат, направиле во него една од т.н. „Little Free Library“ библиотеки.

0
172

Проектот „Little Free Library“ го започнала непрофитна американска организација чие влијание се гледа и во цела Европа. Малите бесплатни книжари функционираат по принципот „донеси книга, позајми книга“. Во 88 земји постојат повеќе од 75.000 мали книжари, во кои годишно се разменуваат милиони книги.

Најоригиналната библиотека од овој тип го направило семејство во Кор д’Алејн, во сојузната американска држава Ајдахо. Шерли Армитаџ Хаувард, библиотекарка и уметница, одлучила од огромното стебло старо 110 години да направи преслатка библиотека. Дрвото било скапано, па наместо да го исчеат и да го уништат, денеска во него се наоѓа една од „Little Free Library“ библиотеките.

Деблото е издлабено одвнатре, прекриено со покрив, а внатрешното и надворешното осветлување му дале изглед како од бајките.

Фото: Фејсбук

loading...