Битно е да се одгледа добро и љубезно, а не паметно дете!

Со својата објава на интернет, една мајка го привлече вниманието на јавноста истакнувајќи дека е поважно да се одгледа добро и љубезно, отколку паметно дете. Како ги воспитувате вие своите деца?

0
156

Под притисок сме да одгледуваме паметни деца. Навистина! Пред извесно време додека се возев во автомобил со ќерка ми, на радио слушнав оглас во кој една жена инсистира што порано да го почнеме образованието на своите деца, пишува Faithit.

Воедно, според рекламата, ако мојата 18.месечна ќерка не го започне образованието на вистинскиот начин и доволно рано, тогаш секогаш ќе заостанува зад врсниците.

Во тој момент погледнав во ретровизорот и ја видов мојата ќерка како се обидува да го пикне целото свое стапало во уста. Па, изгледа дека сум веќе на погрешен пат.

Мојата ќерка која сега има две ипол години, поголемиот дел од денот е со мене. Бидејќи е комплетно екстровертно дете и јас би полудела со неа дома цел ден, ние сме често надвор: посетуваме пријатели, одиме во зоолошка градина и јадеме некаде надвор.

Секој ден многу зборуваме меѓусебе и често се фаќам себеси како ѝ објаснувам работи иако знам дека можеби сѐ уште не може да ги сфати. Но не е ова поради она што мислите. Имено, не се обидувам да го зголемам нејзиниот вокабулар или даја научам работи кои се над нејзините години за да биде одлична ученичка во некое престижно училиште.

Сакам да ја одгледам својата ќерка за да биде добра личност во светот кој не изгледа таков. Сакам мојата ќерка да биде светлина во светот полн со насилство. Ние зборуваме за тоа дека треба да се биде нежен и му се заблагодаруваме на сопственикот на кучето кое ни дозволи да го погалиме.

Ѝ се насмевнуваме на личноста која ја зема нашата нарачка во ресторанот во кој мојата ќерка сака да се игра. Додека гледаме телевизија ѝ зборувам дека е убаво што постојат различни семејства.

Ја разбирам важноста на образованието и доброто учење во изборот на факултет икариера. Разбирам дека задачите имаат своја цел. Но кога мојата ќерка ќе порасне, а мојот сопруг и јас ќе седиме на доделувањето на нејзината средношколска диплома, не сакам да се гордеам со неа само поради таа диплома. Сакам да знам дека таа е девојка која го поздравила новото момче во нејзиниот клас. Сакам да знам дека таа беше онаа што ја покани осамената девојка да седне со неа за време на ручекот.

Во време кога училишните престрелки станаа ужасно нормални, сакам ќерка ми да биде светлина во светот на насилство. Сакам да ѝ кажам дека проблемите со менталното здравје и контролата на оружје не можат да се решат со тоа што ќе биде љубезна кон идните училишни стрелачи – тоа не е нешто што таа може да го реши. Но, љубезноста ќе ја одведе во животот подалеку од било која диплома.

Имаме прекрасни едукатори кои се вклучени во животот на мојата ќерка. Тие се инструменти кои ја водат низ нејзиното учење, иако таа нема ни 3 години. Но, моја работа е да ѝ помогнам и да ја научам како да се движи низ животот и како да се однесува кон другите а да биде тоа во согласност со нејзините сопствени вредности.

Значи, да, дури и во раното детство, ќерка ми ја учи љубезноста. Јас немам големи планови за нејзиниот живот, но се надевам дека таа ќе ги сфати тие мали моменти на патот на нејзиното растење.

Фото: Unsplash

loading...