Би пробале ли вака да го одвикнете детето од седење пред екрани?

Додека нејзиниот син спиел, мајката со сенка за очи го обоила пределот околу очите на детето и кога се разбудил и се видел, му кажала дека е таков поради тоа што предолго седи пред екраните

0
3048

Колку пати сте помислиле дека вашите деца поминуваат премногу време пред телевизорот, компјутерот или на мобилен телефон? Веројатно често.

Но понекогаш е тешко да им се ограничи времето кое го трошат на користење технологија, а на децата секако не им е јасно зошто е тоа толку лошо.

Сепак, една мајка се сетила како да го наведе својот син самиот да го редуцира времето поминато на мобилен телефон и на други апарати, а фотографиите од вознемиреното дете брзо станале вирални.

Додека нејзиниот син спиел, мајката со сенка за очи го обоила пределот околу очите на детето и кога се разбудил и се видел, му кажала дека е таков поради тоа што предолго седи пред екраните. Му кажала дека застрашувачките црни кругови околу очите ќе исчезнат ако мобилниот телефон и другите апарати не ги користи подолго од еден час во денот.

Не е наведено дали овој трик бил успешен и имал долгорочен резултат.

Ви изгледа ли ова како нешто што вреди да се испроба?

Фото: Фејсбук

loading...