Болница во која новороденчињата ги облекуваат во Божиќни џемперчиња

Медицинска сестра од болница во Питсбург ја прави Божиќната сезона уште посвечена и повесела облекувајќи ги новороденчињата во малечки божиќни џемперчиња.

0
112

Новороденчиња облечени во „грди“ Божиќни џемпери се една од најсимпатичните работи што можат да се видат деновиве на интернет. И сето тоа благодарение на медицинската сестра од Медицинскиот центар на Универзитет во Питсбург, која била инспирирана да плете празнични џемпери за новороденчиња. Кејтлин Печин, медицинска сестра вработена во одделот за мајки и бебиња во болницата UPMC Magee-Womens, дизајнира сезонска облека за новороденчињата во родилиштето од 2015.година.

UPMC ugly christmas sweater baby 2UPMC Ugly Christmas Sweater Baby 3UPMC Ugly Christmas Sweater Baby 4

„Ние го правиме тоа за да ја шириме љубовта кон целото семејство”, изјави Џеф Хоџис, потпретседател на службите за грижа за пациентите. Ние правиме 9.000 породувања годишно, но за тоа множество на родители кои се присутни во овој периоди тука. ова може да биде едно незаборавно искуство.

И родителите на новороденчињата се воодушевени. Новопечените родители Тод и Ели Дејвис за UPMC во видео-интервју изјавиле дека им било задоволство да го видат својот новороден син Брукс во плетениот џемпер. „Беше многу убаво“, рекол Тод. „Можеби беше малку нервозен, но одлично поднесе!“ Изгледаше преслатко“.

Фотографиите и текстот се од ТУКА.

 

loading...