Болно девојче смислило генијален начин како да го ублажи стравот од инфузија

Дванаесетгодишно девојче кое со само 7 години заболело од автоимуна болест и на секои 8 недели морало да оди на инфузии смислило начин како да ја „замаскира“ инфузијата и со своите родители основало компанија сега позната како Меди Теди. Еве одлична идеја со која може да им се олесни престојот и на дечињата во македонските болници

0
372

За девојчето Ели Казано од Конектикат за жал, болницата е втор дом. Ова 12.годишно девојче со само седум години заболело од автоимуна болест, заради која има абнормално ниско ниво на тромбоцити во крвта. Токму тоа е причина за нејзините бројни и многу чести терапии по болниците, а покрај сето тоа, секои два месеци мора задолжително да доаѓа на инфузија.

Малку е ако се каже дека тоа ѝ паѓало тешко, па смислила начин како да си го олесни сето тоа, но не само себеси, туку и на сите други во слична ситуација. Имено, Ела смислила кадифено мече кое го нарекла Меди Теди, а всушност станува збор за своевидна торбичка во облик на мече која служи како маска за инфузијата која целиот тој процес го прави помалку страшен.

На оваа идеја дошла на својата прва инфузија кога ја дочекало мноштво од медицинска опрема, туби и цевчиња па сето тоа заедно ја преплашило и ја избезумило. Сфатила и дека не е единствената која се плаши од тоа, па одлучила да направи нешто конкретно.

Го зела своето мече, го расекла и го ставила на предната страна од висечката инфузија, додека задната останала отврена за да може во секој момент да се види во која фаза е инфузијата и сѐ што им е битно на лекарите да го проследат.

Нејзината генијална и практична идеја заинтригирала и трогнала многумина, па девојчето и нејзиното семејство, одлучиле да почнат кампања за да соберат доволно средства за изработка на вакви торбички-мечиња за сите деца, односно, болници во нивното опкружување. Резултаттот ги надминал нивните очекувања.

По пат на донации собрале преку 20 илјади долари што значи дека овие симпатични и многу корисни кадифени мечиња наскоро ќе можат да патуваат и многу подалеку од планираното и да им ги олеснат сличните тегоби и да им го ублажат стравот на болните деца во дел од светот.

Еве идеја истото да го направи и некој кај нас за потребите на децата во Детската клиника, како и во болницата за белодробни заболувања во Козле.

Фото: www.medi-teddy.org

loading...