Бремените жени не спаѓаат во ризичните групи за заболување од коронавирус

За разлика од заболувањето од грип, бремените жени не спаѓаат во ризичната група кога е во прашање развивањето на потешки симптоми на коронавирус. Иако податоците се ограничени и насоките се флексибилни, здравствените работници во Велика Британија успокоиле многу идни мајки.

0
1365

„Досега ниту една бремена жена не починала од коронавирус. Здравствените службеници тврдат дека ако бремената жена се зарази со коронавирус, нема докази дека тој може да се пренесе на бебето. Тоа е нов вирус и ние допрва учиме за него, па како што ќе излегуваат на видело нови докази, ќе ги дополнуваме упатствата за јавноста“, истакнал Едвард Морис, претседател на Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје.

Во текот на следните неколку недели и месеци, бремените жени во Велика Британија сигурно ќе бидат позитивни на коронавирус. Иако засега податоците се ограничени, задоволни сме што нема докази дека вирусот може да се пренесе од бремена жена на бебето. Во истражувањето кое го спровеле научници, го вклучиле и извештајот на Светската здравствена организација за заболените бремени жени во Кина, кадешто се следела состојбата на 147 заразени бремени жени. Тие дошле до заклучок дека само 8% од нив покажале сериозни симптоми на вирусот, а само 1% станале сериозно болни.

Симптомите обично се благи, но имунитетниот систем на бремената жена е променлив

Кај повеќето заразени бремени жени се развиле благи или умерени симптоми на вирусот, додека постои еден пријавен случај кога на бремена жена ѝ требала механичка вентилација. Дополнетиот извештај потврдил дека на таа бремена жена ѝ бил направен итен царски рез и дека добро закрепнала.

„Целосно е разбирлива загриженоста на бремените жени за вирусот и негативните ефекти што може да ги има врз нивното здравје и здравјето на фетусот“, рекол Кристофер Зан, од Американскиот колеџ за акушери и гинеколози.

Познато е дека имунолошкиот систем на бремените жени се менува, поради што кај нив често доаѓа до компликации како последица од заразата со вирус каков што е грипот. Сепак, не сите овие болести исти. Сè уште не е познато што точно се случува со бремените жени кои се позитивни на коронавирус. Ризиците во моментов се многу ниски, но во Велика Британија е издадено упатство во кое се вели дека бремените жени со здравствени проблеми како лупус и дијабетес треба да бидат повнимателни.

Различни мислења за влијанието на САРС и МЕРЦ врз бремените жени

Според американскиот центар за контрола на болести и инфекции, постојат извештаи кои покажуваат дека САРС, кој е генетски поврзан со коронавирусот, не може да се пренесе преку мајчиното млеко, но постојат други ризици. Тие исто така додаваат дека коронавирусите како САРС и МЕРЦ се тесно поврзани со спонтани абортуси и мртвородени деца. Високата температура за време на раната бременост може да го зголеми ризикот од вродени дефекти кај бебињата“, пренесува ScienceAlert.

Нема податоци што го поврзуваат COVID-19 со зголемен ризик од спонтан абортус, ниту имаат врска со предвремено прекинување на бременоста. Извештаите од минатите студии на бремени жени за време на САРС и МЕРЦ покажуваат дека не постои веродостојна врска помеѓу инфекцијата и зголемен ризик од спонтан абортус или губење на дете во второто тримесечје“, велат здравствените работници во Велика Британија.

Нема доволно докази за да се изолира детето од инфицирана мајка

Во Кина, спровеле мало истражување во кое биле вклучени девет бремени жени со пневмонија COVID-19. Научниците зеле примероци од амнионската течност, крв од папочната врвца и мајчино млеко. И на бебињата веднаш по раѓањето им е направен брис. Сите примероци биле негативни.

Во упатствата до јавноста, здравствените работници во Велика Британија посочуваат дека ситуацијата постојано се развива и дека како што се добиваат информации, тие соодветно ќе ја известуваат јавноста. Според она што е познато досега, предностите од доењето и блискоста на мајка и новороденчето ги надминуваат сите можни ризици.

„Врз основа на тековните докази, ние не веруваме дека жените кои се позитивни на коронавирус треба да бидат одвоени од своите бебиња. Влијанието на одвојувањето, барем како мерка на претпазливост, може значително да влијае врз мајката и детето. Оваа одлука ќе ја разгледаме кога ќе имаме повеќе докази”, објаснил Расел Винер, претседател на Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози.

Во меѓувреме, идните мајки треба да се држат подалеку од инфицираните луѓе, редовно да ги мијат рацете, да ги ограничуваат или откажуваат долгите патувања и да се консултираат со својот лекар доколку имаат повеќе прашања.

Фото: Pixabey

loading...