Вашите деца ништо не ви должат

Има родители кои постојано ги потсетуваат своите деца дека треба да им бидат благодарни за тоа што се живи и дека еден ден и тие ќе мораат да се грижат за нив. Ама не е така. Децата не би требало да го отплаќаат долгот. Тие не се одговорни за фактот што сте станале родители. Тоа била ваша одлука и ваш избор.

0
358

Родителите се одговорни (и според законот, а и според сопствената волја) да се грижат нивните деца да имаат храна на масата и покрив над главата. Повеќето од нив навистина се трудат да му дадат на детето сè што му треба, дури и малку повеќе од тоа. Но, сигурно познавате најмалку еден родител кој очекува неговото дете еден ден за тој негов труд на некој начин да му врати. А не се ретки ниту оние на кои од малечки им набиваат чувство на вина за сè што прават за нив.

Дали мислите дека ова не е толку страшно што вреди да се пишува за тоа?

Децата на кои родителите од мали им создаваат притисок и чувство на вина секогаш кога ќе побараат нешто, почнуваат да се чувствуваат одговорно поради материјалните тешкотии кои семејството евентуално ги има. Тоа се деца кои постојано живеат со потсетување дека треба да им бидат благодарни на своите родители за тоа што се живи и дека еден ден и тие ќе треба да се грижат за нив. Затоа што тоа им е должност.

Се согласувате, ова не е чесно.

Да, децата треба да имаат домашни работи. Помош околу готвењето, чистењето, итн. Но тоа е неопходно за да се научат на одговорност, а не за да вратат со ова некаков долг.

Последици

Многу тинејџери бегале од дома за да почувствуваат слобода или за да избегаат од стегите. Без оглед дали се работи за деца кои имале цел и се запишувале во училишта далеку од дома, или за девојчиња кои стапиле во брачни заедници прерано за да избегаат од лошите семејни односи.

Поради овој начин на воспитување, децата ја губат и самодовербата. Им се чини дека нивните родители не ги сакаат поради тоа што се. А за да ги сакаат, мораат да направат нешто – да го исплатат долгот.

Знаеме дека чувството на вина е симптом на депресија кај возрасните. Но, динамиката почнува уште во детството, а прекумерната вина доведува до физички промени во мозокот. Според 12-годишното истражување на Универзитетот во Вашингтон, постојаното чувство на вина е предизвикано од:

промени во расположението;

анксиозни нарушувања;

зголемен ризик од шизофренија.

Чувството на должност и вина одзема многу од детето. А таа празнина не може да се пополни ниту со храна, ниту со играчки или облека.

Менталитетот на современите луѓе

Западниот индивидуализам доведе до менталитет „око за око“. Современите луѓе прават добри дела, а потоа се повикуваат на нив и бараат нешто за возврат. Но, децата не би требало да го отплаќаат долгот. Тие не се одговорни за фактот што сте станале родители.

Тоа била ваша одлука и ваш избор.

Фото: Pexels

loading...