Веганската исхрана е штетна за мозокот, особено за време на бременоста

Исхраната без намирници од животинско потекло би можела да предизвика недостаток на холин, хранлива состојка клучна за развој на мозокот па затоа исхраната богата со холин е особено важна во текот на бременоста, кога неговото внесување е клучно и за развој на новороденчето.

0
252

Нутриционистите предупредуваат дека сѐ поголемата популарност на веганскиот начин на исхрана може да доведе до ризик значително да се намали внесот на холин кој се наоѓа главно во намирници со животинско потекло, се наведува во написот објавен на угледниот медицински портал BMJ Nutrition, Prevention & Health.

Холинот обично се класифицира во групата Бе-комплекс витамини и претставува прекурсорна молекула за неуротрансмитерот ацетилхолин кој има голем број функции, како што се меморија и контрола на мускулите, посебно во текот на развојот на фетусот, а исто така влијае и на работата на црниот дроб.

Холинот се произведува во црниот дроб, но таа количина не е доволна за да ги задоволи сите потреби на човековото тело и затоа мора да се зема со исхраната. Прехранбениот холин примарно се наоѓа во говедското месо, во јајцата, млечните производи, рибата и пилешкото. Помали количини можат да се најдат во јаткастите плодови, гравот или брокулите.

Докторката Ема Дербишер, консултант специјализиран за исхрана и биомедицински наули во организација на „Nutritional Insight“, смета дека било потребно да се направи многу повеќе за едукација на здравствените работници и потрошувачи за важноста на исхраната богата со холин, особено во текот на бременоста, кога неговото внесување е клучно за развој на новороденчето.

Фото: Pexels

loading...