Вежби за предизвикување на породувањето

На повеќето трудници со приближувањето на терминот за породување им станува сѐ понепријатно во сопственото тело, стануваат уморни, но и во целост подготвени за породувањето. За жал, тоа не оди секогаш толку лесно. Еве неколку вежби кои можат маку да ја забрзаат работата.

0
104

Породувањето почнува тогаш кога е бебето подготвено да дојде на овој свет, а ние ви претставуваме неколку ефикасни вежби кои ќе ви помогнат породувањето да почне доколку е бебето спремно за надворешниот свет.

Вежбите можат да ви помогнат бебето да дојде во вистинска положба за породување и на некој начин го „убедуваат“ телото да почне со породувањето. Она што е уште подобро кога станува збор за вежби со низок интензитет е тоа што телото ќе се одржи во форма и опоравувањето по породувањето ќе биде полесно.

Прошетка

Лесна прошетка околу зграда или низ двор може да помогне на повеќе начини. Шетањето може да биде добар тригер за предизвикување на трудови и за отпочнување на породувањето. Исто така, со прошетката му помагаме на бебето да се намести во правилна положба, а притисокот на грлото на матката може да предизвика отварање и омекнување на грлото што секако дека ќе помогне при самото породување.

Кога шетате тоа нека биде во удобни обувки и немојте да се форсирате премногу.

Качување по скали

Качувањето по скали ве става во положба слична на правењето клекови. На тој налин карлицата полека се отвара и се подготвува за самиот ин на породување. Според одделни истражувања качувањето по скали го зголемува нивото на окситоцин, хормон кој природно ги поттикнува контракциите.

Секое мало клекнување кое ќе го направите додека се качувате по скали ќе му помогне на бебето да се намести во вистинската положба за породување. Ниту во овој случај не се форсирајте премногу  и по скали качувајте се само доколку има некој со вас .

Сексуален однос

Бабиците ширум светот препорачуваат сексуален однос како одличен начин за предизвикување трудови, а важи и како одлична физичка вежба во текот на бременоста. Стручњаците велат дека стимулирањето на дојките во текот на сексуалниот однос, го крева нивото на окситоцин во организмот, а самиот организам може да ги поттикне и да ги засили контракциите.

Ако се чувствувате непријатно во текот на сексот, обидете се со помош на перница да најдете поза која ќе ви одговара, но многу е важно да не лежите на грб затоа што во тој случај циркулацијата е послаба и дишењето станува нестабилно.

Топка за пилатес

Големата фитнес топка која често се користи во пилатесот може да биде многу ефектно средство за да ја држите болката под контрола и да го забрзате  процесот на породување. Седењето на топка го отпушта притисокот во грбот, а лесното потскокнување му помага на бебето да се сврти во правилната положба.

Пилатес топката е особено нежно средство за веѓби со низок интензитет и може да послужи како дел од делотворна техника за контролирање на болките во текот на контракциите и на самото породување.

Фото: Pixabey

loading...