Ве молам престанете со забавите за откривање на полот!

По откривањето на причината за калифорнискиот шумски пожар од Ел Дорадо поради кои се евакуирани голем дел од жителите, мајката која го започна трендот на организирање на прослави за откривање на полот, преколнува: Аман, престанете!

0
225

Сликите од шумскиот пожар во Ел Дорадо, во Калифорнија, беа доволно шокантни – но ништо не можеше да предизвика повеќе шок од откривањето на причината за овој разорен пожар.

Имено, прославата за откривањето на полот на бебето отишло во сосема погрешен правец, и тоа е причината за пламените јазици што принудија илјадници луѓе да ги евакуираат своите домови. Блогерката одговорна за популаризирање на трендот на организирање родови прослави вели дека е време да се запре тој тренд. Работата излезе од контрола и стана потенцијално опасна.

Блогерката Џена Карвунидис се огласи на Фејсбук и им порача на своите следбеници: „Престанете. Престанете со овие глупави забави. Аман, престанете да горите предмети и да им раскажувате на сите за пенисот на вашето дете. Никому не му е грижа за ова, освен вам.“

Таа вели дека сега добива пораки со омраза поради фактот што јавно го кажала своето мислење за овој тренд, но тоа нема да го смени нејзиниот став.

„Само затоа што јас сум онаа која го започна овој тренд, не значи дека мислам дека луѓето треба да ги запалат своите заедници“, пишува таа.

Во посебен пост на Фејсбук, Карвунидис открила дека нејзиното семејство во моментов е исто така евакуирано.

Неверојатно, но ова не е првпат пожар да се поврзува со прослава на откривање на полот на деца. Имено, во 2017 година, еден иден татко пукал од пиштол во мета исполнета со експлозив, која потоа почнала да испушта син чад, а потоа избувнал пожар од кој изгореле неверојатни 47.000 хектари. Тој пожар предизвикал штета од 8 милиони долари. Mercury News опишува и други несреќи, од сообраќајни до авионски несреќи, па дури и смрт на жена која била случајно убиена за време на една таква прослава.

Дури и ако ја оставиме настрана можноста ваквите прослави случајно да доведат до масовна девастација и уништување, трендот станува се повеќе предмет на дебата во последните неколку години, пишува Motherly.
Карвунидис алудирала на ова прашање уште во својот пост во 2019 година, пишувајќи: „Кому му е грижа за тоа кој пол е бебето? Јас го сторив тоа затоа што не живеевме во 2019 година и не го знаевме тоа што го знаеме сега – тоа ставање на фокусот на полот при раѓањето става во втор план толку многу други потенцијали и таленти кои немаат никаква врска со она што е меѓу нозете на детето“.

Фото: Фејсбук

loading...