Видео: Бебето спие цврсто во водењакот, а лекарите чекале 7 минути за да се разбуди

Раѓањето на тројки е многу ретко, а уште поретко е кога се раѓаат во водењак, односно во амнионската кесичка.

0
3766

Во текот на породувањето на тројки, д-р Родриго да Роса Фило доживеал вистинско изненадување, две од трите бебиња биле во водењакот, но наместо веднаш да ја отворат амнионската кесичка, одлучиле да му се восхитуваат на бебето.

Имено, третото бебе, малата Аделин, се вртела во својата кесичка и спиела цели седум минути.

Гледајќи го ова видео, всушност можете да го доживеете животот на бебето во матката. „Вчера дојдоа на свет тројки“! И Јоаким е роден во водењак. Бевме воодушевени“, пишува на Инстаграм покрај видеото. „Но, тогаш дојде таа… исто така е родена во водењакот и не остави да ѝ се восхитуваме додека спиеше. Затоа, поминавме седум минути гледајќи го нејзиното однесување како да е сè уште во стомакот. Тоа е магијата на животот“, напишале.

Нероденото дете се развива и расте во кесичка исполнета со амнионска течност, нејзината улога е да го заштити фетусот и папочната врвца од повреди. Кај повеќето бремени жени, водењакот пука за време на породувањето, но тоа може да се случи и пред почетокот на породувањето. Кога е време да се роди бебето, кесичката пука и течноста истекува, а тоа се вика пукање на водењакот. Меѓу 80.000 бебиња, едно се раѓа во недопрен водењак. Во средниот век, ваквите бебиња се сметале за особено среќни и предодредени за големи работи. Исто така, постоел мит дека тие никогаш нема да се удават.

loading...