Видео игри како терапија за АДХД нарушување кај децата?

Многу експерти се согласуваат дека многу состојби и болести бараат лекување со лекови, но дека со АДХД нарушувањето тоа сигурно не е случај и дека видео игрите се одлично решение. Не знаеме како големите фармацевтски компании ќе се согласат со тоа, но времето ќе покаже. Што мислите вие, дали попрво би се одлучиле за лекови или за видео игри?

0
159

Неодамна, Центрите за контрола на болести во Америка објавија дека речиси 11 проценти од децата на училишна возраст страдаат од АДХД нарушување или попознато како „нарушување на вниманието“. Дури 60 проценти од таквите деца имаат исти проблеми кога растат, што е доста загрижувачки број. На децата им се дава лек за ова нарушување уште од раното детство, а сега може да дојде до промени во лекувањето. Станува збор за видео игри.

 

Најновите истражувања спроведени на Универзитетот во Калифорнија конечно би можело да донесе напредок кога станува збор за лекување на АДХД нарушувањата, а станува збор за видео игри кои речиси секое дете сака да ги игра. Ова истражување покажа дека играњето видео игри на многу моќен начин изолира и активира посебни кратенки во мозокот. Специјално дизајнираните игри би можеле да ја подобрат способноста на децата да се фокусираат на посебен проект и на тој начин да го тренираат мозокот да биде подиректен и покорисен.

Целта на ова истражување е да им овозможи на децата да научат, да ги зајакнат и да ги подобрат своите знаења и моќта на концентрација. Во Америка, лекови за АДХД се користат толку често колку што се користат обични аспирини и би требало да се најде некој друг начин за лекување на ова нарушување, бидејќи несаканите ефекти на овие лекови честопати не се земаат предвид. Само некои од нив се: забрзана работа на срцето, несоница, вознемиреност, сува уста, главоболка, па дури и биполарно нарушување.

Со помош на специјално дизајнирани игри, децата на некој начин би го тренирале мозокот и на тој начин ја подобруваат концентрацијата, фокусирањето, когнитивното размислување. Овој метод на лекување, се разбира, бара одредена пракса и константна употреба на игрите, но се верува дека конечниот исход може да биде навистина неверојатен.

Многу експерти се согласуваат дека многу состојби и болести бараат лекување со лекови, но дека со АДХД нарушувањето тоа сигурно не е случај и дека видео игрите се одлично решение. Не знаеме како големите фармацевтски компании ќе се согласат со тоа, но времето ќе покаже. Што мислите вие, дали попрво би се одлучиле за лекови или за видео игри?

Фото: Pixabey

loading...