Вие знаете што е најдобро за вашето дете? Па не баш

Не двоумете се да прашате затоа што не е работа на мајката да знае сè. Нејзината работа е да набљудува, да следи, разбира, сака, да прави грешки и да учи од тоа.

0
95

Реченицата во насловот е веројатно апсолутен шампион во одговарањето на секое прашање што го поставува една мајка на ФБ групите, во потрага по каков било совет.
„Здраво мајки, моето бебе има 6 месеци, кога би можела да му понудам чипс?
– Јас после една година. Но, вие најдобро знаете што е добро за вашето дете.
– Моето јаде се од 3-тиот месец. Но, вие најдобро знаете за вашето дете.
– Најдобро никогаш, тоа е отров во кесичка. Но, секоја мајка најдобро го знае своето дете.
И, ќе добиете такви одговори на речиси секое прашање, дури и на оние кои често немаат никаква врска ниту со мајчинскиот инстинкт ниту со „познавањето на детето“. Да речеме: „Има четири месеци, може ли во дубак?” – Секако, јас го ставив  мојот на два месеци, но тој е многу напреден, вие знаете најдобро за вашето дете.
Јас сум мајка на две деца и признавам – не го знам секогаш најдоброто за моите деца. И не секоја мајка секогаш знае најдобро. Знам мајка која го бркаше детето со сукало додека се навикнуваше на пелени, секогаш кога ќе се измочкаше. Дали и таа знаеше најдобро?
Познавам мајки кои ги оставаат бебињата да плачат додека да заспијат. Дали е тоа најдобро за нивните деца?
Познавам мајки кои не сакаат да дојат затоа што им е важно да ја зачуваат привлечноста и убавината на градите. Дали и тие прават најдобро за своите деца?
Знам и мајки кои им ги туркаат телефоните на своите бебиња додека се во количка (ох, колку такви сум видела), а некои од нив навистина веруваат дека прават добра работа затоа што така „учат“ децата. Па, дали и тие знаат што е најдобро за своите деца?
Точно е дека секоја мајка најдобро го познава своето дете, но понекогаш, мајките навистина не знаат најдобро. Постојат работи кои не се најдобри за ниту едно дете. Работи што можеби свесно ги правиме, иако знаеме дека не се добри, но се надеваме дека ќе можеме да ја најдеме вистинската мерка.
Можеби можеме да се утешиме со фактот што ќе кажеме со доза на сарказам – да, му дадов на детето да игра игри цел ден, баш сум немајка. Но, тоа не е поентата. Може да му дозволите на вашето дете да гледа цртани филмови цел ден. Еднаш годишно, на пример. Можете исто така да му дадете да изедете кесичка со смоки, а потоа сладолед за ручек. Но, тоа нека биде еднаш или двапати во животот. Да се ​​најде мерка, но вистинска мерка, денес е уметност на родителството. Затоа што, мерката често не е она што мислиме дека е.
Верувам во инстинкт кога станува збор за здравјето на моето дете, кога нејзиното однесување, тоа како се чувствува, зборува дека нешто не е во ред. Тука ретко која мајка ќе направи грешка.
За повеќето работи – ние не знаеме најдобро. И немојте да се убедувате себеси и другите мајки дека не им треба ничиј совет. Знаат нутриционистите, експертите за исхрана на деца, педијатрите, психолозите, физијатрите … Не двоумете се да ги прашате затоа што не е работа на мајката да знае сè. Нејзината работа е да набљудува, да следи, да разбира, да сака, да прави грешки и да учи од тоа.

Фото: Pixabay

loading...