Вирџина или трет пол (ВИДЕО)

Денеска, во 21 век, бројни семејства во Авганистан ги одгледуваат своите ќерки како синови за да им овозможат подобар живот. Сличен обичај постоел и на подрачјето на Црна Гора, Косово и северна Албанија. Минатата година починала Стана Церовиќ, последната црногорска вирџина, односно жена одгледувана како маж.

0
282

Неодамна во Црна Гора во 85.година од животот почина Стана Церовиќ, последната црногорска вирџина, како што ја нарекуваа медиумите. Имала четири сестри и двајца браќа. Меѓутоа, и двајцата умреле млади па таа како мало девојче му ветила на татко ѝ дека нема да се омажи и дека ќе го зачува презимето. Ја ишишала косата, облекла пантолони и како вистински домаќин и глава на куќата останала на прадедовското огниште.

Велат дека од женските манири ѝ останал само еден – до последниот ден ги криела своите години. Со нејзината смрт отишол во историјата еденпатријархален обичај кој многумина го осудуваат и ѝ го припишуваат на нашата балканска заостанатост, додека пак други го оправдуваат со посебен морален кодекс кој го разбираат само оние кои се родиле и живееле во средини кадешто владеел  императив на машки деца. Меѓутоа, ова не е само балканско наследство.

Традиционалниот авганистански обичај, познат како „бача пош“, ги охрабрува родителите да ги облекуваат своите ќерки како синови, а сѐ поради подобра иднина. Сепак, тоа често само им го отежнува животот. Во текот на историјата, жените често се соочувале со бројни потешкотии за да докажат дека не се создадени само за да бидат мајки и домаќинки, туку дека како и мажите и тие имаат права на свој живот и кариера. Многу од нив се бореле за своите цели на различни начини, а еден од тие начини било и преправањето во мажи.

Денеска, во 21 век. Бројни семејства во Авганистан ги одгледуваат своите ќерки како синови за да им овозможат подобар живот.

„Кога е еден род толку важен, а другиот речиси непожелен, секогаш ќе постојат и такви кои ќе се обидуваат да прехјдат на другата страна, вели Наџија Насим, директорка на организацијата која се занимава со положбата на жените во Авганистан.

Во авганистанското патријархално друштво, економската зависност од мажите и друштвената стигма ги ставаат родителите во незгодна положба. Ќерките често се сметаат за товар, затоа што синовите попрво ќе почнат да заработуваат и ќе го продолжат семејното наледство и ќе останат дома да се грижат за старите родители. За да се спротивстават на тоа, некои родители ги одгледуваат своите ќерки како мажи. Праксата, позната како „бача пош“, што во превод значи „девојче облечено како момче“, најчесто се среќава во семејства без машки потомци, а на мајките во такви случаи се гледа со разочарување.

„Бача девојчињата можат да одат сами да пазарат, да ги испраќаат своите сестри на училиште, да се вработат, да играат различни спортови и да прават сѐ што им е својствено на мажите“, објаснува Насим.

Оваа пракса ги влече своите корени од дамнешни времиња, уште пред исламот да преовлада во Авганистан. Овие девојчиња мораат да ги прифатат сите одлики на спротивниот пол и да се прилагодат кон нивните обврски, а авганистанските учители велат дека во секое училиште постои барем еден „бача-пош“. Една од ретките предности на овие девојчиња е тоа што им е достапно образованието, затоа што многу мал број авганистански девојчиња посетуваат училиште.

Меѓутоа, оваа пракса се толерира само до одредени години. Имено, само малите девојчиња можат да бидат „бача-пош“, а кога ќе влезат во пубертет повторно мораат да тргнат по патот на „вистинска“ авганистанска жена. Должни се да се омажат и да родат деца. Дури постои верување и дека токму бача-пош девојчињата подоцна ќе родат машко дете.

Сепак, девојчињата кои цел живот го поминале како момчиња, при повторното преземање на женската улога имаат многу нејасна слика за тоа што би требало да прават. Од нив се очекува да знаат да готват, да сакаат романтични боливудски филмови и да бидат подредени во однос на мажите.

Заради тоа, многу девојчиња кои пораснале како мажи се спротивставуваат на повторното враќање во својата првобитна улога.

loading...