Влеговме во нова трка: да се биде продуктивен во изолација

Затрупани сме со совети што сѐ „треба“ и што сѐ „можеме“ да направиме во текот на овој период и со кажувања како е ова „вистинско време“ да направиме „сè она што досега никако не сме стасувале“.

0
110

Од прогласувањето на вонредна состојба поради пандемијата на вирусот COVID-19, а особено од прогласувањето на вонредна состојба во Америка (која е и инаку свртена кон достигнувања), се појави еден нов социјален феномен – да се биде продуктивен во изолација.

Затрупани сме со совети што сѐ „треба“ и што сѐ „можеме“ да направиме во текот на овој период и со кажувања како е ова „вистинско време“ да направиме „сè она што досега никако не сме стасувале“.

Не чекаат книги, учење на странски јазици, нови вештини што можеме да ги усвоиме, „да работиме на себе“, различни физички вежби во домашни услови, важни деловни вештини баш сега откриени, особено на социјалните мрежи …

Да застанеме за момент. Ова не е ниту распуст, ниту одмор.

Ова е поинаква, нова ситуација и ни треба енергија за да се навикнеме и да се адаптираме на неа.

Децата имаат настава преку Интернет и куп домашни работи, вие работите од дома или одите на работа, под променети околности, ги извршувате сите оние секојдневни „невидливи“ домашни работи, дезинфицирате, перете и повторно дезинфицирате…

Велат потребно е и корисно да создадеме рутина. Секако, рутината го олеснува поминувањето низ предизвикувачки периоди.

Меѓутоа, ова не е наша вообичаена рутина.

Ние создаваме нова рутина, прилагодена на новите околности, а за тоа повторно е потребна дополнителна енергија.

Сакам да ве поддржам да се опуштите и да си дадете време да ги прифатите и ги свариме наметнатите ограничувања, сопствените чувства во врска со самата пандемија, вашето лично доживување на целата ситуација, привикнувањето на вашите најблиски на промените …

Не мора секогаш да бидете „на висина на задачата“.

Следете се себеси и она што вам ви треба за да се чувствувате добро. И истото важи и за вашите деца. И за нив, сето ова е непознат терен и им треба поддршка за да се прилагодат. Без оглед дали се во основно, во средно или се малечки. На децата и на младите им е исклучително важно да се движат и да бидат друштвени. Затоа нивната моментална состојба, со зголемени училишни барања, е дополнително стресна.

На сите ни треба простор. Не само физички, туку и ментален.

Простор и време да кажеме како се чувствуваме, што ни треба, што нè плаши, што нè загрижува, а што не радува. Простор за да бидеме едни со други на вистински, искрен начин додека седиме во нашите домови.

Треба да се биде проактивен и креативен, но и да се даде време на себе за адаптација.

Можеби ќе ви треба ова време во текот на целата вонредна состојба. И што ако е така? Нема да побегнат ниту книгите, ниту странските јазици, ниту новите апликации, ниту сите други работи за кои ни досега немавме доволно време. Но, тоа ќе се случи со нашето внатрешно чувство на мир и безбедност ако се фрлиме во трката наречена „да се биде продуктивен во изолација“.

За жал, според она што го видовме досега, пандемијата и вонредната состојба се трка која е маратон, а не спринт.

Затоа да работиме, секој по своја мерка и со своето темпо. Прво и најважно е да го зачуваме физичкото, душевното и менталното здравје, своето и на своите деца.

Фото: Pexels

loading...