Волнен одговор на пандемијата

Делото на младата исландска уметница Арирари овие денови ги препознал и Вог, а нејзините џемпери ги носи и Ерика Баду.

0
91

Младата исландска уметница Арирари стана позната по своите апстрактни плетива и „чудни“ џемпери, а пандемијата ја инспирирала за новиот проект на бизарни маски чиј процес на создавање, како што вели, ѝ дал засолниште во осамените денови од кризата со короната. Набргу откако вирусот се појави на Исланд, Арирари го пренела својот препознатлив симбол на јазикот, кој досега го аплицирала на џемперите.

За првата маска ѝ биле потребни два дена, а пораката на проектот, вели таа, е да ги поттикне луѓето да носат (вистински!) маски, како и креативност која секако не го загрозува здравјето.

Со рачно и машинско плетење, Арирари веќе со години ги истражува можностите за нови визуелни елементи за илустрирање на секојдневниот тродимензионален простор. Нејзините креации се со широк спектар – од рачно плетење фигуративни забавни парчиња на стари џемпери до машинско плетење на апстрактни и сложени математички текстили, работа со техника на ткаење, оптичка уметност и играње со димензии на површината на плетените ткаенини.

Делото на младата уметница деновиве го препозна американски Вог, а некои се изложени и во галериите во Рејкјавик. Ја сака и пејачката Ерика Баду, кој започна на своите концерти да ги носи нејзините џемпери.

Фото: Инстаграм

loading...