Воспитачка во градинка гризнала дете за да го научи да не им го прави тоа на другите

На детето после гризнувањето му се појавила модрица која неговата мајка вработена во истата градинка веднаш ја забележала. Не размислувала долго пред да повика полиција. Дали ви се случило нешто слично со вашите деца?

0
297

Триесет и тригодишната Ешли Естес која работи како воспитачка во една детска градинка во Оклахома е уапсена откако гризнала 11.месечно дете за да го научи на памет затоа што гризнало друго дете.

„Гризнала дете за да му даде на знаење дека е тоа болно. Го кренала и го гризнала за рака“, изјавил полицаецот Џим Воринг за Fox 23.

На детето после гризнувањето му се појавила модрица која неговата мајка вработена во истата градинка веднаш ја забележала. Не размислувала долго пред да повика полиција.

Потоа дошла во станица и ја пријавила воспитачката. Веднаш ги контактиравме другите воспитувачи и проверивме дали постојат сведоци“, додал Воринг.

Полицијата ја испитала Естес која признала што направила. Како што објаснила, тоа било начин на кој и нејзиното дете научило дека не смее да гризе други деца. Признанието ја шокирало полицијата.

„Како родител верувате дека вашето дете нема да биде малтретирано, дека е безбедно и дека за него добро се грижат. Мислам дека тоа најмногу загрижува во оваа ситуација“, смета Ворен.

Естес е веднаш уапсена и обвинета за малтретирање на детето. Одредена ѝ е гаранција во износ од 10 илјади долари, а од градинката не сакале да го коментираат случајот, освен што потврдиле дека воспитачката повеќе не е вработена кај нив.

Фото: Fox 23

loading...