Во бременоста дефинитивно, не треба да се јаде за двајца

Во бременоста се препорачува правилна и балансирана исхрана. Здравата исхрана го намалува ризикот од дебелеење, прееклампсија и предремено породување, истакнуваат научниците.

0
158

Научните истражувања одамна покажале дека здравата исхрана е најважна во текот на бременоста. Меѓутоа, новите истражувања велат дека повеќето жени не се придржуваат до ова правило и често во бременоста јадат за двајца. Тоа е секако голема грешка, а во бременоста се препорачува единствено правилна и балансирана исхрана.

Здравата исхрана го намалува ризикот од дебелеење, прееклампсија и предремено породување, истакнуваат научниците.

„За разлика од многу други фактори за ризик од предвремено породување, диетата е нешто на што можеме да влијаеме“, рекла авторката на истражувањето Лиза Боднар од Универзитетот во Питсбург.

Исто така, се мисли дека би требало да се посвети внимание на едукација на трудниците за тоа колку е здравата исхрана важна за нивното бебе.

Во истражувањето учестувале повеќе од 7.500 трудници кои бележеле што јадат во текот на бременоста. Нивните диети се оценети со користење на индексот на здрава исхрана – 2010, кој мери 12 клучни аспекти на квалитетот на исхраната.

Резултатите покажале дека колку што се жените пообразовани, толку се нивните навики во исхраната поздрави. Исто така, дошле и до резултат дека и социо-економските фактори влијаат на поздрава исхрана на трудниците, односно, дека жените кои се во подобра економска положба повеќе водат сметка за својата исхрана.

loading...