Во градинка без солзи: Никогаш не се искрадувајте на заминување!

Доколку и вие го правите ова и си одите внимавајќи вашето дете да не го забележи вашето заминување, ја правите најголемата грешка. Ова кај децата предизвикува чувство на несигурност и страв затоа што никогаш не знаат кога може да се случи да ги напуштите.

0
460

Децата обично тргнуваат во градинка со една година, а тоа е и период кога стравот од одвојување и стравот од непознати луѓе се на врвот. Затоа би било добро родителите да им помогнат на децата околу совладувањето на тие стравови преку играње улоги, криенка и разговор. Разговорот е исклучително важен, дури и кога станува збор за мали деца. Низ игра ги подготвуваме децата за нови ситуации и за нови околности (како на пример, дека ќе има многу деца, дека ќе мора да ги споделува играчките, дека наместо родителите ќе го чуваат новите тетки).

За да можат децата да не разберат, треба да користите јазик кој им е разбирлив. Односно, детски јазик. Често забораваме дека иако имаат слабо развиен говор, можат многу добро да разберат што се случува околу нив со помош на говор на телото и тонот на гласот. Реченицата како: „Маја ќе оди во градинка. Маја ќе си игра“, со ведар тон и весело гестикулирање со рацете, и на едногодишно дете ќе му даде на знаење дека го очекува нешто забавно и весело и дека нема причина за страв. На поголемите деца може да им се каже нешто како: „Градинката е посебно, забавно место за игра – само за деца“. Таквата реченица кај детето ќе разбуди љубопитство и желба за истражување.

Времето на прилагодување зависи од детето

Првите два до три дена би било добро родителите да бидат посредници помеѓу воспитувачите и другите деца. Тоа ќе им го олеснат запознавањето со групата и со воспитувачите. Следните два до три дена, родителите се и натаму присутни, но повеќе се на страна за да му овозможат на детето самото да се вклучи во активностите. Секако, сé зависи од дете до дете. На некои им треба подолго, а на некои пократко време за да се прилагодат кон новата ситуација и кон околината.

Кога првичното вклучување во групата е завршено, родителите можат да го остават детето на неколку минути. Она што е важно да се нагласи е дека никогаш не смеат да се искрадуваат. Ова кај децата предизвикува чувство на несигурност и страв затоа што никога не знаат кога ќе ги напуштите.

„Одам на работа, кога ќе завршам, доаѓам по тебе“

Пред да ја напуштите просторијата би било добро да го најавите тоа: „Тато мора до тоалет. Штом ќе завршам, доаѓам“ или „Мама мора да оди на работа. Кога ќе завршам доаѓам да те земам“. Целиот тој процес треба да се повторува неколку денови за детето да сфати дека кога родителите на заминување велат дека ќе се вратат по него – ја зборуваат вистината.

После активното вклучување на детето во групата, одвојувањето би требало да биде кратко со поттикнување на некоја активност. „Дали би можел да нацрташ некоја посебна слика, па да ми ја покажеш кога ќе се вратам?“

По враќањето дома, весело зборувајте за воспитувачите, за интересните активности и за играчките. Односно, за сето она добро и убаво што се случува таму. Освен тоа, обезбедете посебно време со детето кое ќе го поминете на квалитетен начин, без електронски апарати.

Фото: Pixabey

loading...