Во својата желба да направиме од децата успешни луѓе, забораваме нешто важно

Ако сакате да ги изгубите луѓето околу себе, барајте од нив да бидат совршени, тоа е најлесниот начин.

0
67

На пат кон училиште мајката ѝ дава на ќерката еден куп непотребни совети. Сите мајки сакаат нивното девојче да порасне во дисциплинирана, организирана и одговорна личност и се обидува да постави „цврсти темели“.

Но тоа што ја споредува со други деца и врши притисок да мора повеќе, подобро, посилнo, само ја оддалечува од целта. Затоа што, ништо не мора, или пак не може. Во целата таа желба од своите деца да направиме успешни луѓе, забораваме важни работи. Сигурен начин да ги изгубите е да барате од нив повеќе…Затоа што тие секогаш даваат сѐ од себе…

Ако во животот сте имале среќа да се дружите со луѓе во чии куќи ништо не е во совршен ред, но љубовта е толку очигледна што ви се чини дека можете да ја намирисате, да се сопнете од неа и да ја допрете, знаeте дека повеќе од тоа не постои. И дека тоа нема никаква врска со тоа колку се оние кои живеат тука успешни, туку со тоа колку се почитуваат и се сакаат. Не постои понесреќно дете од детето кое знае дека не ги исполнило очекувањата на родителите. Освен родител кој знае дека не ги исполнил очекувањата на детето.

Залудно, потрагата, не постои совршен живот, партнер, совршен ден… Во едно сум сигурна, ако сакате да ги изгубите луѓето околу себе, барајте од нив да бидат совршени, тоа е најлесен начин. Или уште подобро, обидете се вие да бидете совршени…

(преземено од ТУКА)

loading...