Во Холандија одобрена еутаназија и за деца под 12-годишна возраст

Еутаназијата во моментов е легална во Холандија за деца над 12-годишна возраст, а холандската влада одобрила препорака да се дозволи еутаназија и за смртно болни деца на возраст од една до 12 години. Каков е вашиот став за ова?

0
200

Министерот за здравство Уго де Јонг изјавил дека промената, односно, препораката да се дозволи еутаназија на смртно болни деца на возраст од една до 12 години, ќе спречи некои деца да „страдаат безнадежно и неподносливо“.

Еутаназија во моментов е легална во Холандија за деца постари од 12 години, а за да се изврши, потребно е одобрување и од пациентот и од родителите.
Легална е и за бебиња под една година, со согласност со родителите.

Што се случи?

Прашањето за еутаназија во изминатиот период предизвикала голема бура и повеќемесечни жестоки дебати меѓу четиричлената владејачка коалиција.
На таа идеја ѝ се спротивставиле опозициските конзервативни партии.

Еутаназијата е легална во Холандија од 2002. година

Сепак, откако владата го одобрила воведувањето еутаназија за деца на таа возраст, Де Јонг најавил дека ќе бидат донесени нови закони што го регулираат ова прашање.
„Истражувањата покажале дека таа потреба постои меѓу лекарите и родителите на деца со неизлечиви болести, кои страдаат безнадежно и неподносливо и ќе умрат во блиска иднина“, пишал Де Јонг во писмото до парламентот.
Истражувањето покажува дека ваквата постапка ќе се применува годишно на пет до десет деца, додал тој.

Закони

Актуелните закони не го дозволуваат тоа, рекол министерот за здравство.
Лекарите сега би биле кривично гонети доколку еутаназирале дете на возраст под 12 години.
Идниот закон исто така ќе бара согласност од родителите за извршување на еутаназијата.
Пациентот исто така ќе мора да трпи „неподнослива и безнадежна болка“, а најмалку двајца лекари мора да се согласат на постапката.
Промената се очекува да биде направена во следните неколку месеци.

Историја

Еутаназијата и асистираното самоубиство се легални во Холандија од 2002. година, а соседна Белгија ја донела истата одлука шест месеци подоцна.
Овие се првите две земји во светот што започнаа да ја применуваат, но под многу строги услови.
Потоа, во 2014. година, Белгија прва дозволи еутаназија на смртно болни деца кои страдаат од голема болка, а исто така е потребна согласност од родител.
Холандија наскоро го воведе истото правило за деца постари од 12 години.

Фото: Pexels/Pixabay

loading...