ПОЧЕТНА ВОДИЧ ЗА МАМА Во што уживаат најмногу бебињата додека се во стомакот?

Во што уживаат најмногу бебињата додека се во стомакот?

Врската помеѓу мајката и детето се создава многу пред раѓањето, а некои истражувања тврдат дека детето може да ја почувствува психолошката состоја на мајката.

0
364
Веќе е познато дека бебињата позитивно реагираат на звукот на мајчиниот глас, но освен тоа постојат уште работи кои влијаат врз развојот на бебето во стомакот.Еве три работи кои бебињата најмногу ги сакаат:

Многу музика

Освен тоа што слушањето музика кај мајката произведува хормон на среќа кој автоматски се испраќа кај бебето, музиката стимулира развој на мозокот на бебето. Не е потребно да се пушта прегласно музика, со оглед на тоа што бебето може да ја слушне иако е во вас.

Сака масажа

Кога ќе наполнат 20 недели, бебињата можат да го почувствуваат вашиот допир и во овој период тие уживаат во масажите. Ова е одличен начин таткото на детето да се поврзе на некој начин со бебето пред раѓање. За масажа можете да користите масла или креми и со нежни движења да го масирате стомакот додека свири релаксирачка музика.

Звукот на мајчината смеа

Ултразвукот покажал дека фетусот „потскокнува“ кога мајката се смее. На снимката може да се види дека колку повеќе мајката се смее, толку повеќе детето се поместува. Ова се случува поради мускулните контракции. Хормоните на среќата кои ги испушта вашиот организам кога сте среќни, му се испраќаат на детето, па затоа стручњаците препорачуваат да се смеете колку што можете повеќе.

Фото: Pixabay

loading...