Второродените деца се попалави од постарите брат или сестра?

Дали се сложувате со ова тврдење до кое е дојдено во студијата објавена во Journal of Labor Economics според која второродените деца имало поголема веројатност да бидат попалави во однос на својот постар брат или сестра.

0
444

И додека е првото дете стереотипно поинтелигентно, науката вели дека второденото дете најверојатно ќе развие некои непосакувани особини помеѓу кои се истакнува палавоста.

Научниците собрале податоци за илјада браќа и сестри во Данска и САД, за да откријат дека второродените деца, посебно момчињата, 20-40 отсто се помалку дисциплинирани во училиште и имаат поголем потенцијал да развијат социјално девијантно однесување понатаму во животот.

„Со сигурност можам да истакнам дека наодите се извонредни, затоа што второродените деца во спредба со нивниот постар брат или сестра имаат многу поголема веројатност дека ќе завршат во затвор, многу е поверојатно дека ќе бидат казнувани во училиште, како и дека ќе станат деликвенти“, рекол Џон Дојл, водечкиот истражувач.

Но, тој додал дека нивните потези можат да бидат директен производ на однесувањето на нивниот постар брат или сестра, затоа што помладите неретко се угледуваат на постарите и се обидуваат да г имитираат нивните постапки.

Првородените деца ги наоѓаат своите идоли кај возрасните, додека подоцна родените деца имаат идоли во својот брат или сестра“, истакнал Дојл.

Исто така, студијата укажала на тоа дека на првородените деца генерално, им се посветува повеќе внимание во однос на оние кои се родени подоцна.

Фото: Unsplash

loading...