Галењето на бебето силно влијае врз развојот на мозокот на детето

За развојот на мозокот на бебињата, особено кај прерано родените помага галењето на родителите. Ова го покажало истражувањето објавено во списанието Current Biology, спроведено врз 125 бебиња во детската болница Nationwide во САД.

0
301

Научниците дошле до заклучок дека прегратките  поттикнуваат посебна реакција во мозокот на бебето неопходна за воспоставување на социјални и емоционални односи, како и за навремен развој на нервниот систем.

Бидејќи визуелниот систем на новороденчињата сѐ уште не е доволно развиен, нивниот развој многу зависи од допир и од звук. За да видат како новороденчето реагира на допир, истражувачите го набљудувале нивниот мозок.

Колку повеќе допири имало бебето со своите родители и со блиските луѓе, толку биле поизразени реакциите во нивниот мозок.

„Нежен допир, особено оној „кожа на кожа“, е само една од поважните работи кои родителите можат да го направат за своето бебе“, истакнала д-р Натали Маитре, една од истражувачите.

Фото: Pixabey

loading...