Генерација Алфа: Кои се децата од оваа генерација и зошто се тие толку посебни?

Генерација Алфа се децата родени од 2010. кои ќе се раѓаат до 2025. година. Првата генерација е родена во целост во 21. век. Исто така познати како iGeneration, тие се децата на милениумците.

0
526

До 2025 година, година кога ќе се родат најмладите членови на генерацијата, генерацијата Алфа ќе претставува две милијарди од светската популација. Демографската статистика покажува дека генерацијата Алфа е генерација која е под најголемо влијание на технологијата.

Генерација Алфа се децата родени од 2010. кои ќе се раѓаат до 2025. година. Првата генерација е родена во целост во 21. век. Исто така познати како iGeneration, тие се децата на милениумците.

Генерацијата Алфа користи паметни телефони и таблети како нешто сосема природно. iPhone, iPad, Android и други апликации се нешто без кое не можат да го замислат нивниот живот. Тие не се плашат од новата технологија или од допирање на копчињата за да научат што прават тие. Генерацијата Алфа учи да испробувајќи нови работи и растат со гласови како Сири, Алекса и Гугл Асистент во нивните домови и на мобилните телефони.

Генерација алфа: Здравје и технологија

Според студијата спроведена од Институтот на инженери за електротехника и електроника над милениумските родители на децата од генерацијата Алфа, повеќе од половина од родителите од различни географски области рекле дека се чувствуваат најудобно кога нивните деца носат уреди што ја следат нивната здравствена состојба, како што се „Фитбит“ или „паметни часовници“.

Истражувањето опфатило 2.000 родители помеѓу 20 и 36 години кои имаат најмалку едно дете кое има осум години или е помладо. Земји вклучени во истражувањето се Велика Британија, Индија, Кина, Бразил и Соединетите држави.

Родителите исто така потврдија во студијата дека веруваат во вештачка интелигенција (АИ), и веруваат дека во иднина базите на податоци со медицинска историја и податоците за симптомите, во рок од неколку секунди со 100% сигурност ќе ги дијагностицира заболувањата кај децата од генерацијата Алфа. Тие исто така ги одобруваат и роботите хирурзи, а децата од генерацијата Алфа нема да мора да се грижат за своите родители кога ќе остарат, бидејќи ќе има и роботи кои ќе се грижат за постарите лица.

Најверојатно е дека генерацијата Алфа нема да заболува од болести како што е карциномот, како резултат на напредокот и точноста на вештачката интелигенција при дијагностицирање на болеста. Ова ќе придонесе за зголемување на животниот век на генерацијата Алфа, а исто така и за подобар квалитет на живот благодарение на подобрувањето на целокупното здравје.

Генерација алфа: образование и технологија

Студијата спроведена само во Велика Британија над родителите на децата од генерацијата Алфа, помеѓу другите резултати, покажало и дека 27% од родителите сметале дека нивното дете го цени својот iPad или iPhone повеќе од било што. „Многу го сакам мојот iPad и ако некој ми го одземе, јас би врескала и би ја повикала мајка ми да ми го врати. Би велела: „те молам мамо, те молам!“, рекла 7-годишната Скарлет за време на истражувањето.

Кога зборуваат за технологија, децата од генерацијата Алфа се многу директни и сигурни во изразувањето на своето мислење. 30% од американските родители од генерацијата Алфа сметаат дека уредот е најважната работа за нивните деца. Поважни од другите играчки, празниците и подароците што доаѓаат со нив и од домашните миленичиња.

Генерацијата Алфа ќе има корист од напредокот во технологијата и во областа на образованието. Образованието што користи најнова технологија ќе создаде сосема различни можности за учење за Алфа децата.

Училиштата, наставниците и другите образовни институции ќе сметаат дека е предизвик да се справат со барањата на децата на генерацијата Алфа, освен ако тие самите не усвојат нов пристап кон образованието. Генерацијата Алфа навистина звучи како една возбудлива генерација.

Фото: Pixabey

loading...