Германски стручњак: Воспитувањето деца со помош на закани е одраз на лошо родителство

Вие не можете да го казните детето секој пат кога тој или таа не се однесува онака како што вие сте замислиле

0
342

Сигурно сте слушнале некои родители како му велат на своето дете: „Ако не дојдеш веднаш тука, ќе заминам без тебе“. Или, „Ако не престанеш да удираш по задниот дел од седиштето, ќе те исфрлам од автомобилот”. Дали некогаш сте му кажале нешто слично на сопственото дете?

Ваквите закани никогаш не се добра идеја, смета германскиот онлајн советник за прашања за одгледување на деца, Улрик Рицер-Сакс, додавајќи дека родителите кои ги кажуваат само се залажуваат дека се делотворни.

Тој вели дека има многу клишеа кои се темелат на застарени или погрешни претпоставки за тоа како функционираат децата.

Пукање во празно

Вие не можете да го казните детето секој пат кога тој или таа се однесува онака како што вие сте замислиле. Заканите и уцените што не се повторуваат често, и се повеќе исклучок отколку правило, веројатно нема да имаат големо влијание врз развојот на детето и неговото разбирање на реалноста и животот, но ако целото воспитување се заснова на вакви методи, тие веројатно ќе остават белег.

Ако се заканувате со казна, мора да ја спроведете брзо и тоа мора јасно да се однесува на конкретно (не) дело.

Со заканата дека ќе го исфрлите вашето дете од автомобилот само го плашите детето. Таа нема никаков ефект, вели Рицер-Сакс. Заканите не се форма на дисциплина и најчесто не нудат никаков увид во тоа поради што однесувањето на детето е лошо. Таа не му дава на детето подобар начин на однесување и не е поврзана со вредности. Почесто се користи како начин за казнување на детето или го прават исплашено, со надеж дека однесувањето ќе се промени.

Ритцер-Сакс предупредува дека во еден момент ќе ви снема од подрастичните закани или ќе престанат да бидат делотворни. Како би реагирале ако вашето дете одговори на заканата: „Добро, направи го тоа!“

Ако му се закануваме на детето со нешто што не можеме да го сториме, тоа е како „пукање во празно“ и не сме постигнале ништо. Со текот на времето, детето ќе престане да верува во нас и идните закани со казна нема да бидат ефективни.

Ако заканата не била ефективна, детето треба да биде казнето во согласност со заканата. Сигурно е дека нема да го исфрлите од автомобилот. Многу е важно да бидеме доследни во казната, што значи дека нема дополнително да преговараме за должината на казната. Според него, прибегнувањето кон сценариото „ако-тогаш“ е ефикасно кога има за цел да го научи детето на  некое правило, ограничување или норма, како на пример кога треба да се утврдат јасни правила за употреба на мобилниот телефон.
Ова сценарио може да се примени и за да се укаже на непожелните последици од недолично однесување: На пример, „Ако не ја напишеш домашната задача, ќе имаш проблеми кога ќе дојдеш на настава“.

И уште една важна напомена – ние никогаш не треба да го казнуваме детето со тоа што ќе му оневозможиме да задоволи некоја основна потреба, како на пример „денес нема вечера за тебе “.

Фото: Pixabey

loading...