Ги овековечила цртежите на ќеркичката везејќи минијатурни гоблени

Сликата можеби вреди илјада зборови, но везот на Инес Тан инспирирани од уметничките дела на нејзиното мало девојче, вреди многу повеќе.

0
194

„Секогаш ја сакав рачната работа“, вели оваа мајка на две деца, која претходно работела како моден трговец. Цртала на текстил и правела отпечатоци, а за време на бременоста со нејзиниот син, Тајлер, почнала да експериментира и со везови.

Во потрага по повеќе начини да ја презентира својата самоука техника, таа добила идеја да се здружи со нејзината петгодишна ќеркичка, трансформирајќи ги нејзините цртежи во везени уметнички дела.

За време на семејното патување во Дизниленд во Токио, направиле голема серија од семејни спомени, а кога станува збор за приказни, нејзината ќеркичка Мија има многу.

„Таа е толку многу со своето блокче за цртање, што станува се потешко да се избере кои од нејзините цртежи се нашите омилени!”

Настрана од серијата Дизниленд, Тан вели дека една од нивните омилени е „Дино кафе“, инспирирана од измислените пријателства на малата Мија помеѓу луѓето и диносаурусите кои се дружат во кафулиња.

Гледањето како нејзините цртежи оживуваат на нов креативен начин е нешто што Мија исто така го сака. „Кога ќе види дека нејзините уметнички дела стануваат мои, таа се чувствува посебна, среќна и мотивирана“, вели Тан.

Везените слики на дуото не се само забавна активност. За Тан, тоа е во голема мерка начин да се поврзе и да зачува некои од најскапоцените спомени во животот. „Научив многу од моите деца. Тие ме инспирираат да научам да научам да живеам во моментот. Треба да уживате во секој миг од нивното детство и да го направите незаборавно“.

Текстот и фотографиите се од ТУКА.

loading...