Го пуштив бебето да ползи до дојката и беше неверојатно (ВИДЕО)

„Сите новородени бебиња имаат способност да доползат до градите на нивната мајка и самите да започнат да цицаат“, објаснува Видија Кулкарни од УНИЦЕФ. Исто така, Breastcrawl.org посочува дека новороденчињата се програмирани како компјутери со упатства да ја пронајдат мајчината дојка.

0
300

„Ги охрабрувам сите нови мајки да испробаат „ползење до градите“. Станува збор за одлично искуство, одличен начин да се поврзете со вашето бебе, поттикнување на доењето и всушност е фасцинантно да видите што можат да направат вашето тело и вашето бебе “.

Венди Виснер, мајка на двајца синови и советник за доење за порталот Scary Mommy, го опишала своето искуство од двете породувања и од breast crawl, ползење до дојката.

Првите часови и денови по раѓањето на мојот прв син беа нејасна слика на шок, солзи и фрустрации. И двајцата бевме здрави, но без оглед што направив – не можев да го натерам да цица. Тој едноставно не сакаше да ја отвори својата уста и да ја зграпчи брадавицата. Тоа ми правеше многу стрес и ме фрустрираше.

До моментот кога се роди мојот втор син, не само што бев искусна мајка доилка (затоа што сепак успеавме со доењето после многу солзи и труд), туку јас станав и советничка за доење.

Вооружена со искуство и информации, бев одлучна во тоа да имам многу подобро иницијално искуство со доењето отколку првиот пат. Една од работите што мислам дека ми го отежнуваа доењето првиот пат е тоа што мојот син веднаш по раѓањето го однесоа на бањење, преглед и инјекција со витамин К. Дури после тоа прочитав сѐ за магијата на првиот час по раѓањето и како всушност се подготвуваат бебињата за доењето. Дури тогаш видов и снимки од бебиња, кои инстинктивно ползат до дојката по раѓањето и почнуваат сами да цицаат.

Токму тоа планирав да го направам вториот пат и мојата бабица се согласи дека ако и бебето и јас сме здрави, ќе имам барем еден час да ја ставам на градите пред првиот преглед на педијатрија во породилното одделение. Ги охрабрувам сите мајки да се обидат со ползењето на новороденчето до градите.

За сеќа, по брзо и интензивно раѓање, го ставивме бебето на моите гради и чекавме. Отпрвин, тој само мирисаше наоколу и всушност ја проверуваше територијата. Потоа, околу 20 минути подоцна, го почувствував неговото мало ноџе како се мрда и тој почна да ползи до мојата брадавица и сам ја дофати дојката.

Што се однесува до мене, тоа беше како мало чудо. И искрено можам да потврдам дека после тоа, немавме никакви проблеми со доењето и цицањето. Ако е можно, ги охрабрувам сите нови мајки да го испробаат ‘ползењето до дојката“. Покрај бебињата со непредвидливи здравствени проблеми, речиси сите бебиња можат да ползат до дојката и можете да го испробате без оглед дали целта ви е исклучиво да доите или не. Едноставно, станува збор за супер искуство, одличен начин да се поврзете со вашето бебе, поттикнување на доењето и всушност е фасцинантно да видите што можат да направат вашето тело и вашето бебе.

Погледнете како изгледа „ползењето до дојката“:

Како функционира „ползењето до дојката“?

Експертите веруваат дека бебињата се раѓаат со инстинкт што им помага во овој неверојатен феномен. Тој термин датира од 1987. година, кога шведските научници утврдиле дека новороденчето ќе го најде патот до мајчината дојка веднаш штом се роди. По раѓањето, бебињата ги измиле и исушиле, а потоа ги ставале на мајчината дојка и секој пат бебето доползувало до градите на мајката за да дојде до храна.

„Сите новородени бебиња имаат способност да доползат до градите на нивната мајка и самите да започнат да цицаат“, објаснува Видија Кулкарни од УНИЦЕФ. Исто така, Breastcrawl.org посочува дека новороденчињата се програмирани како компјутери со упатства да ја пронајдат мајчината дојка.

„Новороденчињата, исто како и бебињата цицачи знаат како да ги пронајдат градите на својата мајка.

„Ползењето до дојката’ е поврзано со најразлични сензорни, моторни и невроендокринолошки компоненти, сите директно или индиректно му помагаат на бебето да се движи и да му олесни да преживее во новиот свет“, пишува Breastcrawl.org.

Тие објаснуваат дека сетилата за мирис, вкус и вид на бебето функционираат за да ја пронајдат мајчината дојка и обично им требаат 30-60 минути, такашто мајката треба да биде трпелива. Исто така, мајката може, ако сака, да му помогне на своето бебе за да му олесни да го најде патот затоа што не постојат правила за тоа како треба да изгледа „ползењето до градите“. Всушност, најважно е само вашето бебе да остане со вас веднаш по раѓањето, во контакт „кожа на кожа“.

Од УНИЦЕФ посочуваат дека дозволувањето на бебето да ползи до дојката ја поттикнува врската меѓу мајката и новороденчето, но има и неколку други придобивки.
„Му помага на бебето да му биде топло. Бебето започнува да добива колострум, кој има високи нивоа на антитела, што обезбедува заштита од инфекции и е важно за опстанокот на бебето. Мајките исто така имаат придобивки, бидејќи ‘ползењето до дојката’ им помага на контракциите на матката и исфрлањето на постелката, ја намалува загубата на крв и спречува анемија“, истакнува УНИЦЕФ.

Фото: Јутјуб

 

loading...