Дваесет и деветгодишна жена во Полска роди шесторки

Само една од речиси 5 милијарди бремености се бремености со шесторки. Бебињата имаат и 2 ипол годишно постаро братче

0
369

Во Универзитетската болница во Краков, Јужна Полска, 29-годишна жена со царски рез роди шесторка, четири се девојчиња, а две момчиња.

Веројатноста да се родат шесторки е еден спрема пет милијарди, односно, само една од речиси 5 милијарди бремености се бремености со шесторки. Мајката и новороденчињата се добро.

Бебињата се родени во 29-тата недела на бременоста и нивните поединечни тежини се движат од 890 до 1300 грама, рекла портпаролката на болницата Марија Влодковска.

„Ова е првпат во Полскa да се роди шестка, а тоа е ретко и во светски рамки… А, всушност, докторите очекуваа пет бебиња“, изјави Ричард Лотербах, одговорниот во болничкото неонатолошко одделение.

Според него, тоа било изненадување бидејќи лекарите очекувале пет бебиња.

„Имавме подготвено пет тимови со пет инкубатори и кога сите пет беа извадени, се појави уште едно девојче“, рече Лотербах на TVN24.

Бебињата имаат 2 ипол годишно постаро братче.

Претседателот Анджеј Дуда им честиташе на родителите и на лекарите на Твитер, додека локалниот фудбалски клуб Краковија им подарил доживотни влезници за нивните натпревари.

Во 2008 година во истата болница во 26-та недела од бременоста, била родена петорка, сите девојчиња, тешки помеѓу 570 и 800 грама. Тие неодамна биле во куртоазна посета на болницата со нивните родители.

 

 

 

loading...