Дадилка открила зошто денешните деца не се пристојни како некогаш

Децата треба да бидат центар на животот на нивните родители, но и на родителите им е потребно време и за себе. Родителите мора да им кажат јасно дека не можат цело време да бидат окупирани со нив, а децата од тоа ќе научат дека кон секого треба да се однесуваат внимателно и со почит.

0
926

Децата се благослов, но како што многу родители веќе знаат, со своето однесување тие често ги тестираат границите на нивните родители.

Професионалната дадилка Ема Џенер, ѕвезда на емисијата „Take Home Nanny“, го споделила своето мислење и објаснила дека не сте во заблуда ако сметате дека модерните деца се помалку пристојни од претходните генерации, а постоат и пет причини зошто е тоа така, пренесува порталот BrightSide.

Недостаток на комуникација

Модерните родители премногу се трудат да бидат независни кога станува збор за одгледувањето деца и мислат дека другите луѓе кои се обидуваат да им помогнат ја преминуваат границата на вмешување, дури и ако станува збор за нивните баби и дедовци.

Спротивно на тоа, постарите генерации знаеја дека заедницата треба да биде вклучена во животот на едно дете. Тоа ги учи децата да ги почитуваат другите возрасни во својот живот. Во спротивно, тие растат сметајќи дека не треба да имаат никаква емоционална поврзаност со другите луѓе во заедницата кои не се нивни родители.

Претолерантност

Честопати кога децата се однесуваат лошо, родителите го толерираат тоа затоа што сметаат дека се можеби премногу мали за да ги разберат своите постапки. Тие сметаат дека децата се наивни и невини, што и да се случи.

Децата учат брзо, па затоа е важно нивното лошо однесување да се поправи што е можно поскоро за да се разбере дека одредени навики не се во ред.

Родителите користат премногу „покуси патеки“

Денес децата имаат таблети, iPod и уште многу други апарати за да можат да уживаат во омилената музика, филмови и ТВ-емисии.

Родителите го користат ова за да не мора да комуницираат со своите деца, како што се комуницирало во претходните генерации. Но, децата треба да развијат однос со другите, такашто не е добра идеја да ризикуваат да станат премногу независни на млада возраст.

Родителите се чувствуваат уценето

Современите родители научиле да им дозволуваат на своите деца повеќе отколку што треба. Иако ова не е лошо само по себе, може да стане претерано.

Децата треба да се учат на начин што ќе им покаже дека нема да бидат деца засекогаш. Кога ќе им дадете повеќе привилегии, научете ги дека привилегиите доаѓаат и со повеќе одговорности. На пример, ако се занимаваат со воннаставни активности, кажете им дека мораат да се подготват самите пред да заминат.

Децата земаат премногу време од распоредот на своите родители

Децата треба да бидат центар на животот на нивните родители, но и на родителите им е потребно време и за себе. Ова не само што е здраво за родителите, туку и децата треба да разберат дека родителите треба да ги задоволат своите лични потреби.

Родителите мора да им кажат јасно дека не можат цело време да бидат окупирани со нив, а децата од тоа ќе научат дека кон секого треба да се однесуваат внимателно и со почит.

Фото: Pixabey

loading...