Дали бабите и дедовците ги разгалија вашите деца?

Кога ќе ги однесете кај бабите и дедовците, децата се враќаат дома како мали распуштени пирати. Тие не сакаат да ги почитуваат правилата што сте ги вовеле. Речиси сите родители имаат слични проблеми, но може да се стави крај на нив.

0
171

Вашите родители и родителите на сопругата се многу важна алка во воспитувањето на децата. Но, иако нивната помош е голема, тоа со себе носи проблем наречен „расипување на детето“. Директните наредби и упатства до родителите се секогаш лош потег. Родителите веднаш реагираат на тоа со онаа славна реплика: „Па, јас те израснав од пелени, зарем не знам како да воспитувам деца“. Затоа се потребни помудри пристапи.

Пред сè, заблагодарете им се што се грижат за вашите деца и што ви помагаат. Покажете им дека навистина го цените тоа. Вие и самите знаете колку е тоа навистина важно за вас и, се разбира, не сакате да ги навредувате.

Почитувајте го и нивното мислење. Кажете им дека разбирате колку е важно да ги угодуваат на своите внуци. Ова ќе го омекне нивниот одбранбен став кога ќе ги замолите да ги уважат вашите забелешки. Кажете нешто вакво: „Знам дека е забавно да се разгалуваат деца, но тие се мали лопови кои знаат како да го добијат она што го сакаат. Верувам дека е тешко да се одбијат тие мали слатки очи“.

Полека вметнете ја темата „правила“ во разговорот. Можете да започнете со тоа како наводно лекарот советувал дека не треба да јадат многу слатки, дека треба да легнуваат на време или нешто слично. Кажете дека сте малку загрижени, дека се плашите дека децата бараат премногу и дека е подобро да не им дозволувате сè. Треба да ја намалите листата на барања на две или три работи. Промените одат бавно.
Сослушајте што ќе ви кажат родителите и немојте веднаш да кажете дека не се во право. Ако им покажете дека го почитувате нивното мислење, тогаш и тие ќе го почитуваат вашето. И бидете трпеливи. Дајте им време да размислат за сè.

Бидете флексибилни. Децата го сакаат тоа мало бекство од домашните правила. Не можете да очекувате ниту бабите и дедовците да бидат строги кон своите внуци. Мора да им дадете малку слобода. Доволно е да ги натерате да прифатат неколку правила што се важни за вас. И не грижете се за останатото. Тој период мора да го „протуркате“. Сепак, и вие ќе имате внуци еден ден.

Фото: Pexels

loading...