Дали бебето смее да јаде сладолед?

За време на топлите денови и долгите прошетки кога и самите посакувате еден сладолед, се јавува родителската дилема: Дали смеете да му дадете сладолед и на вашето бебе?

0
105

Сладоледот им е омилен на многумина, па сигурно и вашето бебе ќе се воодушеви и ќе ги подаде рачињата кога ќе ве види како уживате во него.

Многу родители сметаат дека сладоледот е одлично „помагало“ за топлите непца на бебето кога му никнуваат запчиња. Меѓутоа, дали е сладоледот секогаш добар избор?

Универзално правило е дека, сѐшто е спакувано и направено во фабрика, одноосно, процесуирано, не е нешто што сакате да му го дадете на вашето бебе. Колку повеќе шеќери, соли или масти има еден производ, толку е производот повисоко рангиран на листата од намирници кои треба да се избегнуваат. Постои опасност купечкиот сладолед да содржи многу намирници кои не им се наменети на бебињата, како што се на пример, високофруктозни пченкарни сирупи.

Покрај опасностите од прекумерна доза на шеќери, која не е пожелна ниту за возрасните, втора работа која може да им штети на бебињата е температурата на сладоледот која е премногу ладна.

На пример, за споредба, мајчиното млеко има температура од околу 37 степени Целзиусови и тоа е температурата која треба да ја има и адаптираното млеко, како и кашичките кога бебето почнува да јаде. Значи, организмот на бебето е направен така за да вари топла храна, па ладниот сладолед може да биде преголем шок за неговиот организам.

Но она што е добро е тоа што секогаш можете да направите сладолед дома и да ги избегнете сите несакани состојки и температура.

Рецепт за домашен овошен сладолед:

Потребни ви се:

500 грама зрнесто овошје по избор (можете да земете и замрзнато овошје)

500 грама павлака

Лажица мед (за бебиња постари од 1 година)

Сите состојки измешајте ги во блендер или со миксер и разладете ја смесата во фрижидер ако е потребно.

Фото: Pixabey

loading...