Дали би го вратиле предметот домаќинство во училиштата?

„Иако звучи тотално ретро, враќањето на домаќинството во училиштата, како еден од основните предмети, би можело да поправи многу работи во одгледувањето на идните генерации“.

0
260

Водењето на домаќинство не само што не е ретро, туку се враќа на голема врата како светски тренд. Да се води домаќинството значи паметно и здраво да се купува, да се подготвуваат здрави оброци, со самото тоа мудро да се управува и со парите и со здравјето, што веднаш значи и – добро да се живее.

Што не е во ред со младите денес – е прашање кое е актуелно веќе низа години наназад, но како што одминува времето, го поставуваме се почесто. Да појдеме од статистичките податоци кога станува збор за здравјето и исхраната: на пример, речиси третина од Американците под 19 години се дебели, навикнати на брза и нездрава храна. Секако, делумно, таа лоша навика можеме да ја оправдаме со економскиот статус во кој обично се наоѓаат младите луѓе-цените на студирањето се високи, студентските кредити се скапи а приходите – ограничени. На прв поглед изгледа како да е брзата храна поефтина, но гледајќи го севкупното дејство на тој начин на исхрана, не можеме да не се запрашаме дали е тоа баш така? И секако, кој е виновен што тие веруваат дека е таквата исхрана прифатлива: Кој не ги научил тоа што требало да ги научи?

„Иако звучи тотално ретро, враќањето на домаќинството во училиштата, како еден од основните предмети, би можело да поправи многу работи во одгледувањето на идните генерации“.

На многу млади луѓе можеби би им значело да знаат подобро да водат домаќинство, некој да ги научил на основите на готвењето, како да испазарат паметно и слично. Уште еден од проблемите на денешнината е тоа што околу 70 отсто од децата живеат со двајца постојано вработени родители или со самохран родител, што веднаш значи повеќе купена готова храна како последица од недостатокот на време и пари. „Иако звучи тотално ретро, враќањето на домаќинството во училиштата, како еден од основните предмети, би можело да поправи многу работи во одгледувањето на идните генерации“.

Историчарката Хелен Зое Фајт оди чекор подалеку во своето тврдење дека враќањето на домаќинството во училиштата имало клучна улога во лекувањето на епидемијата на дебелината.

„Убав начин на почнете да го решавате овој проблем би било повеќе луѓе да се научат и да му се посветат на готвењето“, вели таа.

Мајкл Мос, истражувачки новинар чија неодамна издадена книга „Сол, шеќер, маст“, воедно и една од најпродаваните, во книгата објаснува дека американските прехранбени компании ги „навлекле“ Американците на преработена храна и предупредува на важноста од едукација на младите и во таа област, областа на исхраната и готвењето. Помеѓу другото, и тој се сложува дека намалувањето на домашните буџети и тоа како влијаело врз изборот на брза и преработена храна, но и дека е крајно време преку наставата да на домаќинство да се поврати стариот поредок на работите.

Неодговорност кон здравјето и исхраната

Исфрлањето на тој предмет, би можело да се каже, е жртва на трендовите во образованието и намалувањето на училишните буџети. Премногу време е посветено на подготовките за колеџ и некои навидум поважни предмети кои ветуваат, но и на се поголемиот број феминистички сфаќања дека жените не треба да ги интересира куќата, готвењето итн, улогата на сопруга, иако предметот би им бил наменет и на момчињата и на девојките. Навистина многу фактори влијаеле за да се стигне до оваа точка на неодговорност кон своето здравје и исхраната. Прашањето е дали воопшто може после толку време да поправи „реанимацијата“ на домаќинството како наставен предмет.

Личноста која го вовела домаќинството во училиштата е Елен Свалов Ричардс, претседателка на американската Асоцијација на домашната економија, која на една конференција во далечната 1899.година успеала да ги убеди надлежните да го усвојат нејзиниот предлог. Тоа подразбирало да се спојат убавото и корисното, односно, да се професионализира работата на домаќинката и со тоа да се донесе достоинство и ефикасност  на таа дотогаш непризнаена професија.

Краците на прехранбената индустрија

Меѓутоа, до 1960.и 1970.некогаш револуционерната  идеја за здравата исхрана и за значењето на одржувањето на куќата станува бајата и старомодна. Пипците на прехранбената индустрија, гледајќи го само својот интерес и заработката, успешно ги придобиле сите  кои дотогаш биле на страната на домаќинството во училиштето, и почетната идеја полека станува поткопана. Се промовира полесен начин на живот и исхрана, а со самото тоа и брзата храна, готовите оброци и преработките. Дополнително масло на огнот долеваат и и феминистичките движења на чело со Робин Морган, која изнесува обвинувања на сметка на Асоцијацијата на домашната економија, имплицирајќи дека од младите жени прави безоблична маса која единствено знае да готви и единствено мисли на брак.

Трендовите кој следат, вработувањето на жените, недостатокот од време, премногу фабрики за храна, само придонесле, рамо до рамо со нападите од феминистките, домаќинството како предмет во училиштата полека, но сигурно да се прогласи за старомодно и непожелно, и сосема да исчезне од образованието.

Излез од ќорсокак

Денеска, многу години по успоните и падовите на домаќинството, ние се прашуваме каде погрешивме и дали пропуштивме да ги научиме нешто нашите деца. Повторниот тренд на интерес за здравата исхрана почнал и со разни кампањи, како на пример онаа на Мишел Обама. После многу слични настани свртено е вниманието на значењето на подучувањето на децата што е навистина здрава храна и како се готви, а сето тоа резултирало со повторно воведување на часови по готвење во училиштата, па дури и се создаваат и училишни градини во кои успешно се одгледува зеленчук.

Алис Лихенштајн во 2010.година изнела едно од можните решенија за епидемијата на дебелината, во вид на кампањата „Да го вратиме домаќинството во училиштата“. Во рамките на таа кампања предлага сеопфатен наставен план и програма која ги покрива основните техники на готвење, учење за калориските вредности на храната, изворите на храната – од фарма до трпеза; информации за хранливите материи – каде да се пронајдат и како да се толкуваат, влијанието на храната врз здравјето и слично. Ен Купер, предводник на реформата на школството и воведувањето на нови предмети, по повод тој предлог рекла дека нема генерација на која тие часви ѝ се попотребни. Нагласила и дека дека за сето тоа зборува и од здравствен аспект, но и имајќи го предвид целокупнотоконсумеристико општество. Во секој случај, смета таа, основите на одржување на домаќинството се непроценливи: „Ништо нема да се смени преку ноќ, но ако истраеме во тој вид на едукација, сосема сигурно ни се насмевнува подобра иднина“.

Рут Грејем, писател од Њу Хемшир, редовен соработник на списанието Ideas.

loading...