Дали би му дозволиле на својот син да носи фустан?

Не сме попустливи родители, туку ги почитуваме своите деца како индивидуи. Сакам моите деца да пораснат во самоуверени луѓе кои не се плашат да бидат различни, но и кои нема да дозволат да бидат обликувани од очекувањата на околината“, вели Џоана Минузо, мајка на двегодишно момче кое сака да носи фустани.

0
99

Петчленото семејство на Џоана Минузо се состои од три деца, мајка и татко. Џоана има од првиот брак две девојчиња за кои ја дели грижата со нивниот татко, додека со вториот сопруг има двегодишен син.

„Моето нежно, слатко момче почна да покажува интерес за носење женска облека кога почна да му се допаѓа Мини Маус, нешто пред неговиот втор роденден“, се сеќава Џоана.

Како што вели, еден ден момчето го нашло фустанот на својата сестра и побарал од мајка му да му го облече.

„Еј, фустаните не се за момчиња“, му одговорила таа со насмевка.

Но, тогаш се запрашала зошто не треба да носи фустани. Кому му пречи тоа? Кој воопшто го поставил тоа правило?

„Навистина сакаше да го носи, па го облеков и му дозволив да го носи. Бевме дома, се смеевме и тој си замина среќен што може да си игра со својата постара сестра … И така започна. Имаше само една година и сакаше да носи фустани. Тој сака да носи убави работи и да биде ист како неговите големи сестри “, го опишала Џоана моментот кога нејзиниот начин на размислување почнал да се менува.

Како што вели оваа мајка, оттогаш речиси редовно носел фустани, здолништа и друга облека со Мини Маус или други „женски“ анимирани ликови.

„Кога се мажев за својот сопруг, на син ми му купив килт од Шкотска (мојата татковина) кој требаше да го носи. Замислував како ќе изгледа паметно стоејќи таму и чекајќи да дојдам со неговиот татко. Тој одби да го облече. Најпрво бев малку разочарана затоа што не сакаше да го носи затоа што мислев дека ќе изгледа многу добро во тоа. Но, многу брзо сфатив дека ќе треба да ги прилагодам своите очекувања“, се потсетила мајката на момчето.

Потоа,  му купиле на момчето костум, но кога го видел, тој почнал да плаче и се вознемирил. Кога видела како реагира на фустанот што неговата сестра требало да го носи, Џоана сфатила дека ќе мора и нему да му набави фустан.

„Во последен момент позајмивме убав син фустан од пријатели и го зедовме со нас во случај да ја има истата реакција кога ќе го види костумот. Мојот сопруг и јас разговаравме за тоа и се согласивме прво да се обидеме со костумот, но ако тоа не функционира, да му го покажеме фустанот“, вели таа.

Фотографот го снимил моментот кога момчето го видело костумот и потоа моментот кога го видело фустанот. Како што вели неговата мајка, тој се вљубил во фустанот во моментот кога го видел.

Како што вели Џоана, таа сакала нејзините деца да се чувствуваат пријатно и опуштено на нејзината свадба, наместо да им создава притисок со нешто.

„Оставете ги очекувањата настрана и исполнете ги потребите на децата. Ова не значи дека нашите деца немаат граници“, рекла таа, додавајќи дека тие не се попустливи родители, туку ги почитуваат своите деца како индивидуи. Покрај тоа, таа истакнала дека сака нејзините деца да пораснат во самоуверени луѓе кои не се плашат да бидат различни, но и кои нема да дозволат да ги обликуваат очекувањата од околината“, пишува Cafemom.

loading...