Дали вашето дете има потешкотии со читањето?

Потешкотиите во способноста за читање и покрај нормалниот вид и интелигенција, како и стандардна континуирана едукација во уредни психо-социјални услови, е позната како дислексија. Се смета дека лицата со дислексија може да имаат и потешкотии во координацијата на движењата, како и во активности кои ја вклучуваат грубата и фината моторика на екстремитетите.

0
193

Дислексијата се дефинира како потешкотија во способноста за читање и покрај нормалниот вид и интелигенција, како и стандардна континуирана едукација во уредни психо-социјални услови.

Дислексијата како состојба најчесто се забележува кога детето ќе го започне своето образование.

Во однос на дијагностиката на Дислексија се користат субјазичните тестови и тродимензионалниот тест според Васиќ преку кој се проценува: брзината на прочитаното, точноста на прочитаното и способноста да се разбере прочитаното.

Во однос на третманот на дислексијата се користат повеќе тераписки методи како што се: развивањето на процесите за анализа и синтеза, како и развивањето на аудитивната перцепција на фонемите.

Исто така, се користи орто-аналитичка метода.

Типологијата на грешки во читањето на лицата со дислексија е следната: неможност да се прочита напишаното, неможност да се препознаат слични букви, неможност да се запазат интерпункциските правила и знаци, слеано читање и пишување.

Во однос на дислексијата таа може да се подели на: графоморна и дисфазична или развојна.

Графомоторната дислексија се карактеризира со пишување на крупни графеми (букви) не можност да се поврзат буквите во континуиран ред, огледалско пишување и слично.

Дисфазичната дислексија се карактеризира со еден дисфазичен говор, односно непотполн граматички израз, недоволна употреба на сврзници, неправилна употреба на кратките заменски форми за родовите, потешкотии во раскажувањето и слично.

Крајната цел на вежбите за дислексија е лицето да може да чита само и притоа да води сметка за тоа колку време е прочитан одреден текст, да се натпреварува со самиот себеси преку читање на текстови од весници или други написи.

Се смета дека лицата со дислексија може да имаат и потешкотии во сензомоторниот дел како што се: неспретност во координацијата на движењата, како и потешкотии во активности кои ја вклучуваат грубата и фината моторика на екстремитетите.

Ана Петреска, дипломиран логопед М-р по специјална едукација и рехабилитација Здружение Интеракција плус, Скопје

Фото: Unsplash

loading...